Ангела Петровска-публицист

0
102
АНГЕЛА ПЕТРОВСКА ,наша сограѓанка ,ученичка во Средното училиште “Васил Антевски Дрен“,до сега работеше на неколку проекти ,моментално работи на еден многу интересен проект:СОЦИЈАЛНА инклузија во нашето соседство-промена.
Во една од нашите претходни објави имавме можност, подробно да се запознаеме со ликот на нашиот сограѓанин Ангела Петровска. Турбулентното темпо на нејзиниот живот, продолжува и понатаму. Веќе увидовме, препреките и животните предизвици се само еден дел од нејзиниот зацртан пат. Во текот на образовниот процес и под кровот на СЕПУГС Васил Антевски Дрен, таа продолжува работејќи на голем број проекти, мактрпно трудејќи се во достигнувањето на високите цели. Деновиве најголема прашина, по интернет сајтовите за средни училишта, се дигна токму на последниот успех со кој се закити нашата Ангела. Следејќи го сајтот sredno.mk, дојдовме до сознание за успешно завршената работа на Ангела во проектот “Социјална инклузија во нашето соседство-промена”. Подетално за настанокот, одвивањето, целите и активностите на проектот ја прашавме Ангела, која во овој проект е во улога на ко-лидер. Нејзиниот одговор е во продолжение. “ Проектот Социјална инклузија во нашето соседство-промена” е добиен од Академијата за Средно Европски Училишта во февруари 2017 и истиот ќе трае до декември 2017. Овој проект се работи и е постојано следен од страна на неговиот координатор, училишниот психолог Ива Стојановска. Во проектот учествуваат уште две професорки од моето училиште, каде на задачите, активностите и предизвиците, со задоволство заедно со мене одговараат уште 19 ученици, кои се дел од тимот. Овој проект немаше да ја достигне посакуваната позиција се разбира доколку не беа нашите партнери Волонтерски Центар Скопје. Целта на нашиот проект е да се подигне свеста кај младите за потребите од социјалната инклузија. Тие сме тим кој работи на локално ниво, односно на ниво на општина Кисела Вода. Ние учесниците во тимот преку низа активностите имавме можност да се запознаеме и да соработуваме со маргинализираните групи, токму во ова подрачје. Таргет групата во проектот се учениците на СЕПУГС Васил Антевски Дрен, како и жителите на општина Кисела Вода. Целната група се маргинализирани слоеви како приматели на социјална помош, зависници од наркотични супстанци и алкохоличари, лица со оштетен вид, слух, пречки во развојот и сл. Во првите месеци од проектот активностите беа насочени кон нас, учесниците во проектот преку низа анкети се запознавме со степенот на нашето познавање за потребите и на самите маргинализирани групи. Со подоцнежни предавања, работилници и посети ние ја подобривме нашата гледна точка и знаењата во врска со овие слоеви во општеството. Потоа започнавме да работиме на подобрување на сликата и социјално издигнување на овие слоеви во општеството. Социјалната инклузија ја вршевме на тој начин што воспоставивме контакт со нив, имавме заеднички работилници, имавме посета на психолог каде детално ги разработивме потребите за почетоците на зависниците, нивниот социјален живот, психолошката состојба итн. Ќе напоменам имавме и соработка со центарот за рехабилитација и Училиштето за слепи, во кое и ги спроведовме работилниците со тамошните ученици. Нашиот проект беше презентирани пред претставниците од општината и жителите на Кисела Вода, од каде добивме цврста подршка. Нашето претставување продолжи во Словачка. Во Сенец од 25ти до 29ти септември, јас и координаторот на проектот имавме можност да го претставиме нашиот проект и дотогашните постигнати резултати, пред претставници на Акедемијата за Средно Европски Училишта и 40 други учесници во проектот за социјална инклузија. Искуството кое го стекнав таму, веќе кажав незаменливо е. Преку обуките кои беа органзирани од страна на Академијата за средно европски училишта научив многу нови пристапи и методи преку кои може да им ја доближам социјалната инклузија на своите соученици и соработници од проектот. На оваа мобилност стекнав голем број нови познанства, разменив искуства и стекнав знаење кое веќе ми користат во реализација на новите активности во проектот. Точно еден месец по враќањето од ова патување каде стекнав вредно искуство, јас заедно со својот тим продолжувам да работам на проектот. Крајот веќе се наближува. Последната предвидена активност беше обука за проектен менаџмен на учесниците во проектот, која помина далеку успешно и доста прифатливо како корисна алатка за нас. Во преостанатиот месец јас и моите соработници ќе посетиме уште една обука за лобирање и застапување, организирани од нашиот партнер Волонтерски Центар Скопје. По завршување на обуките ќе организираме завршен настан на кои ќе бидат претставени сите спроведени активности и резултати од проектот. За повеќе информации и детали околу активностите и самиот проект можете да ја посетите нашата официјална страна “Social inclusion in our neighbourhood-the change”.
Ангела Петровска и сите останати млади и успешни во сите области преставуваат гордост за нашата средина.
Претходниот артикал,Свирче од врбова прачка
Следната статијаСРЕДНО ОПШТИНСКО СТРУЧНО УЧИЛИШТЕ „ИЛИНДЕН“

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука