Ема Атанасовска,млада талентирана и успешна наша сограѓанка.

0
1180

Taa покрај нејзината определба за медицината,  успешно  се посветува на нејзиното хоби кон пишаниот збор, како и за прва помош (ЦК)како една од најхуманите и човечки вредности.

Ема е  ученичка во средното стручно училиште СУГС ,,Марија Кири Склодовска” во Скопје,покрај тоа таа посветува внимание кон пишувањето поезија и проза.

 Добитникчка е на многу награди, а  првата награда ја доби од Република Србија каде достојно го претстави своето училиште со својата поема,,Planeta dise u istom ritmu” каде доби диплома и пофалница.

 Подоцна, на меѓународна поетска средба „Premiando A La Poesia Del Alma“, каде учествуваа 87 поети од Шпанија исто така има освоено диплома на својата поема ,,Љубов” избрана од Здружение на писатели во Шпанија.

 Исто така и од Куба со седиште во Шпанија има претставено своја поетска песна со назив ,,Жената во денешно време” избрана од UNIÓN MUNDIAL DE POETAS POR LA PAZ Y LA LIBERTAD (UMPPL) y “L’ISOLA FELICE” ASSOCIAZIONE CULTURALE(СВЕТСКА УНИЈА НА ПОЕТИ ЗА МИР И СЛОБОДА (УМПЛ) и ” L ‘ ISOLA FELICE ” АСОЦИЈАЗИОНЕ КУЛТУРАЛЕ) Покрај тоа што таа се претстави широко низ Европа и во други земји, таа постигна труд и во својата териотрија на живеење кај познати македонски писатели меѓу која една од нив е Милица Паулус, дипломиран писател и литературно пишување.Кај неа таа освоила повеќе награди за литературно пишување и поетски творби.

 Добитник е на награда и има освоено сертификат од Меѓународен Славјански Универзитет ,,Г.Р.Державин” за есеј на тема ,,Мојата визија” . Покрај овие успеси постигна и на натпреварот за Прва Помош предводена од нејзиното училиште. Исто така успех постигна во добро познатата српска Библиотека и центар за култура во Кладово.

Ема е во исчекување се нови награди и поетски творби широко низ Република Србија и во други земји. Во очекување е и новиот регионален натпревар по Биологија предводено од нејзиното училиште каде се пласира на регионален план.

 Во нејзините досегашни настапи Ема се запозна со многу познати домашни и странски писатели од Шпанија,Куба, Matamoros,Tamaulipas ,од кои покрај  подршката доби  и мотивација и нивна спремност  да и помогнат во текот на пишувањето.

 Соработката и комуникацијата е многу битна така најголема подршка Ема  има од нејзината класна,ментор Жаклина Стаменковска, професор по Македонски јазик како и останатиот персонал во нејзиното училиште.

Нејзината класна и како ментор,ја подржува и  бодри Ема да чекори за успех,но сепак  Ема најголемата подршка ја добива од нејзиното семејство.

 Покрај досегашните успеси Ема и нејзината класна –ментор со нетрпение ја очекуваат програмата за литератуни манифестации и конкурси за литература за идната школска година

Покрај личното задоволство од успесите што ги постигнува Ема има желба и  да мотивира и други ученици,бидејќи талентот е скриен во нас,како што вели таа.

Населба Илинден се гордее со постигнатите успеси на Ема,а истовремено и посакува уште повеќе нови успеси.

Претходниот артикал,Наставникот Србислав со своето 7 -в одд.
Следната статијаЧленови на КУД Илинден

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука