Видео запис од промоцијата на книгата „Втор откос“,од авторот Дејан Величковски ,издание на ПНВ Публикации. што се одржа на 10 мај во Домот на Култура Илинден-Илинден.
Промотори на романот беа проф. д-р Димитар Пандев и м-р Гоце Ристовски, специјални гости беа Александар Јовевски и Филип Николовски од групата Монистра, а извадоци од романот читаше Леа Новеска
За книгата:
Возбудлив трилер од почеток до крај!
Приказна за битката на поединецот против корумпираниот систем.
„Втор откос“ е роман, во кој преку главниот лик Симон, војник специјалец, добиваме слика за тоа како во секој од нас постои она двојство на добро и зло. На човек и ѕвер. На грижлив татко и сопруг од една страна и тренирана машина за убивање, од друга. За грдото лице на војната и она што таа го прави од луѓето. За корумпираноста на системот… Човечките судбини… Потребата да се биде херој… Приказна што ве држи напнати од пресврт до пресврт, до самиот крај.
Населба Илинден, на нашиот сограѓанин Дејан, му посакува да му се множат делата.










































