НА ДЕНЕШЕН ДЕН -1 декември

0
155

* 1  декември 1927г. свечано е осветен новиот официрски дом во Скопје ,една од поубавите згради во Скопје ,која се урна од земјотрест во 1963г.

* 1 декември 1891 година  скопскиот митрополит  Гологанов смета дека единствен спас за Македонците од наглата бугаризација е унијатство со Ватикан.Да не дојде до бугаризација тој  поднел барање за унија со Римокатоличката црква испратена до папата Лео Тринаесетти. Во своето барање тој образложува: „Во името на целиот македонски православен народ… историското право на македонски православен народ да се ослободи од јурисдикцијата на странските цркви – Бугарската егзархија и Цариградската патријаршија… да се обнови Охридската архиепископија… границите на Охридската архиепископија треба да ги потврдат сегашните граници на Македонија“.

* 1 декември 1918.- Во Белград регентот Александар Караѓорѓевиќ го прогласи обединувањето и создавањето на Кралството на Срби, Хрвати и Словенци.  

* 1 декември 1943.- Во Дебарца излезе првиот број на весникот “Братство”, орган на Првата македонско-косовска НОУ бригада.

* 1  декември 1943 г. во село Пелинце, Кумановско, е формиран ПРВИОТ КУМАНОВСКИ НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛЕН БАТАЛЈОН „ЈОРДАН НИКОЛОВ-ОРЦЕ“. Тоа била воена единица на НОВ и ПОЈ. Бил формиран од 116 борци на Скопско-кумановскиот партизански одред и новопристигнати борци. Водел борби против четничките сили во Козјачијата и кај селото Дренак на 10 декември 1943 г., вршел диверзии на пругата Врање-Куманово-Романовце, водел успешни борби со бугарската војска и полиција во Кратовско.

* 1 декември 1953г.во Скопје е роден Владимир Богоевски,одбојкар на Вардар Скопје ,државен репрезентативец -257 настапи,учесник на 4 европски одбојкарски првенства,на две одбојкарски медитерански игри,на 7 балкански одбојкарски првенства,учесник на олимпијада во Москва-1980,настапуваше за европската одбојкарска селекција-1977г,учествуваше во светската одбојкарска селекција1986г.Покрај Вардар настапуваше уште во 7 европски клубови.Добитник на бројни награди,спортски и джавни признанија .

* 1 декември 1956 г.во Бугарија –Пиринска Македонија извршен е попис на населението при што:Во Сандански 89,49%  се изјасниле за Македонци,Во Петрич 82,69 %-Македонци,Околија Благоевград-52,18% -Македонци,Разлог49,05%-Македонци,Гоце Делчев 45,77%-Македонци,Округ Благоевград 63,64%

* 1 декември 1987.- Во Скопје, почина Андон Димитровски – Петко, првоборец и носител на “Партизанска споменица 1941”. По ослободувањето работеше во органите за внатрешни работи. Роден е во Крушево, во 1922 година.

 * 1 декември 1994.- Во Бордо, Франција, на 21. Генерално собрание на Светската федерација на воени ветерани, што се одржа од 1 до 6 декември, Сојузот на борците од Народнослободителната и антифашистичка војна на Македонија е примен за полноправен член.

* 1 декември 2018 почина Академик Иван Катарџиев, редовен член на Македонската академија на науките и уметностите.Академик Катарџиев е еден од основоположниците на македонската историска наука и еден од највидните македонски историчари.  Од 1972. до 1978. година бил директор на Националната библиотека „Св. Климент Охридски“ во Скопје.
Иван Катарџиев е истакнат научник со богат научен опус во областа на историските науки. Во фокусот  на неговиот научен интерес е историјата на македонскиот народ во последниве два века, а посебно историјата на национално-ослободителното движење, и борбите за слобода и самостојност на македонскиот народ. Автор е на 17 книги од кои три се објавени на странски јазици. За редовен член на МАНУ е избран во 2003. година.

Претходниот артикал,Венчавка на Томе и Оле
Следната статијаВИЛИЈАМ АНГЕЛОВСКИ,млад спортист – фудбалер

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука