НА ДЕНЕШЕН ДЕН -30 МАЈ

0
57
Борислав Градишки

*30 мај 1938 година Трајко Попов  од с. Раштак- Скопско,заедно со Борислав Градишки ја формирале  организацијата “Македонско национално движење – Бунт”, во Скопје, Ова движење ја пропагира идејата за самостојна, обединета, суверена и парламентарна држава на македонскиот народ, народ дефиниран и издиференциран во сопственена македонска национална индивидуалност, спротивставувајќи се на антимакедонската асимилација спроведувана од српските, грчките, албанските и бугарските окупатори на Македонија. “Бунт” се бунтуваше и против југословенската заблуда во решавањето на македонското прашање, поради што во мај 1945 година во Скопје, беа затворени активисти на организацијата, репресирани и судени и осудени, а Трајко Попов осуден на смрт ,стрелан е на 19 август 1946г.Да напоменеме дека Трајко Попов извесно време живеел во Илинден ,сместен бил во фамилијата Калкус ,а истовремено ја вршел функцијата Претседател на општина Бунарџик.

 *30 мај 1913 година во Лондон е потпишан мировниот договор со кој завршила Првата балканска војна и со што е заверено распарчувањето  на Македонија, а  турско ропство било заменето со распарчување, поделба и ново ропство под Грција, Србија и Бугарија.Турција,  предложила на Македонија и на Албанија да им се даде автономија под суверенитет на Турција, но тоа не било прифатено.

*30 мај 1913 година,роден е Др.Владимир Полежиновски во Кичево, од татко Јонче и мајка Стефанка. Основно образование завршил во Кичево, а гимназија во Битола во 1932 година. По завршување на гимназијата во есента 1932 година се запишал на Правниот факултет во Париз, каде што со успех ги завршил студиите, а потоа одбранил и докторат на универзитетот Сорбона во март 1939г.Полежиноски бил повикан на отслужување на воениот рок во стара Југославија и служел во Требиње, каде што го затекнала и капитулацијата на кралството СХС. Во овие тешки години тој се вратил во родното Кичево, каде што токму тогаш Кузман Јосифовски-Питу го формирал Месниот комитет на КПМ во Кичево, во октомври 1941 година.Иако Полежина целосно се вклучил во создавањето на македонската држава во власта и секако бил потребен во Македонија, веќе во март 1945 година бил коптиран во воена мисија на ФНРЈ во Франција, а од декември 1945 година во воена мисија на Југославија во Германија. Полежина бил шеф на воената мисија на Југославија при контролното собрание за Германија, при главниот штаб на англо-американските сили во Франкфурт на Мајна. Тој тогаш бил унапреден во чин потполковник во југословенската војска. Полежина како шеф на воената делегација во периодот од ноември 1947 година па до резолуцијата на Информбирото во 1948 година, активно работел во Франкфурт во Германија. Во август 1948 година бил повикан на разговор кај шефот на руската воена мисија и оттогаш почнала голготата на Полежина. Набргу тој бил повлечен од Германија и демобилизиран од војската. Паднал во голема немилост, принуден сам да се снаоѓа за да преживее со семејството.Во јануари 1951 година без судски процес бил лишен од слобода и протеран на Голи Оток на “Мермер”, каде што останал се` до април 1954 година. Во јуни 1980 поради нарушеното здравје починува Владо Полежина еден од авторите на Декларацијата на АСНОМ. Во Кичево неговото име го носи основното училиште “д-р Владимир Полежиноски”, како и улицата каде што е роден и живеел Владо. Починал на 16.06.1980 година.

* 30 мај 1922.- Во Крушево е роден Александар Матковски – прв доктор на историски науки од Македонија и прв ориенталист. Автор на познатата историска едиција „Патеписците за Македонија“ и на познатото хералдичко дело „Грбовите на Македонија“.Добитник е на повеќе награди и признанија. Членувал во МАНУ од 1985 година. Починал на 15 април 1992 година во Скопје.

Beograd 03.09.2010. Ljubisa Georgievski ambasador republike Makedonije u Srbiji i pozorisni reditelj. foto Aleksandar Andjic

* 30 мај 1937.- Роден е Љубиша Георгиевски – театарски и филмски режисер, драмски писател и есеист, теоретичар на театарот и професор по театарска режија. Дипломирал на Академијата за театар, филм, радио и телевизија во Белград. Како театарски режисер има поставено преку 160 постановки во Македонија, Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Словенија, Бугарија, Романија, Полска и други држави, како и четири постановки во САД, каде на универзитетите во Јужна Калифорнија и Тексас предавал теорија на театарот и актерска игра. Досега има објавено десеттина книги. Добитник е на повеќе од дваесетина награди во рамките на поранешна Југославија и во Р. Македонија.  Од богатиот филмски опус најпозната е неговата режија на филмот „Републиката во пламен“. На претседателските избори во 1994 година Георгиевски бил претседателски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ. Бил претседател на македонскиот Парламент и амбасадор на Р. Македонија во Бугарија и Србија. На 81 година почина на 6 декември 2018  година.

* 30 мај 1964.- Во Куманово е роден Венко Андоновски – македонски писател (романописец, раскажувач, драмски автор, поет), есеист, критичар и книжевен теоретичар. Дипломирал на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, во Скопје. Доктор по филолошки науки. Работи како професор на Филолошкиот факултет во Скопје. Андоновски е член на Македонскиот ПЕН центар и на Друштвото на писателите на Македонија. Негови најпознати дела се:„Нежното срце на варварот“, „Квартот на лиричарите“, „Фрески и гротески“, „Азбука за непослушните“, „Папокот на светот“, „Вештица“, „Ќерката на математичарот“, „Адска машина“, „Бунт во домот за старци“, „Црни куклички“, „Текстовни процеси“, „Структура на македонскиот реалистичен роман“,„Ќерката на математичарот“  и други. За своето книжевно творештво, Андоновски е добитник на бројни награди, меѓу кои: „Рациново признание“, наградата на “Утрински весник” за роман на годината, наградата „Балканика“, „Стале Попов“.

*30 мај 2011.- Во Скопје на 73-годишна возраст почина актерот и сценограф Чедомир Христов. Роден е на 1 мај 1938 година во Струмица. Завршил на отсекот за сликарство на Вишата педагошка школа, работел како актер во Струмичкиот театар „Антон Панов“ (1958 до 1964), а потоа преминал во Македонскиот народен театар во Скопје каде што останал до пензионирањето во 1996 година. Двапати добил награда за најдобар актер на Здружението на драмските уметници на Македонија. Бидејќи е по вокација сликар, изработил и многу сценографии за претстави, за што добил и награди за сценографија на МТФ „Војдан Чернодрински“.

*30 мај 2018 година почина Спасе Мазенковски, голем борец за правата на Македонците во Албанија, писател, новинар и публицист. Денес се навршуваат две години од поменот и споменот за неговиот живот и дело.Спасе Мазенковски целиот свој живот го посвети во афирмацијата на македонскиот етнички, јазичен, културен, верски и историски идентитет, континуитет, наследство и простор и за унапредување на положбата и правата на Македонците во Република Албанија.

Претходниот артикал,Поглед на АЈВАТОВЦИ
Следната статијаООУ “Гоце Делчев“наставнички кадар

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука