МАТЕЈ СПАСОВСКИ-Млад Поет

0
155

Матеј, наш сограѓанин е добитник на наградата ” ГРАН ПРИ детска поезија (Македонија) “при Интернационалната Поетска Манифестација ” СПЛОТИ СЕ МАКЕДОНИЈО “

Проектот ” Сплоти се Македонијо” претставува дел од истоимената интернационална поетска манифестација во која учествуваа повеќе од  6.000 писатели и автори од целиот свет.

Сите, безразлика во која држава и да живеат во моментов,т непрестајно го негуваат посветеното пишување и творење за својата татковина и родните краишта.

Инаку манифестацијава започна на самиот почеток на месец август ,а рокот за испраќање на поетските творби траеше до 12 август.

  Вреднуваа илјадниците пристигнати творби го изврши специјално межународно жири и од истите избираа најдобри.

Поради целовкупната ситуација со Корона вирусот,оваа манифестација беше организирана и водена онлајн,а за да се спречат некакви дополнителни собири,дипломите и благодарниците на наградените автори им беа доделени исто така онлајн.

За секој творец огромно е задоволството да се пишува и твори за културните вредности на својата земја и родниот крај,а уште поголема е честа да се биде забележан и награден за истата.

Тоа беше голем поттик за нашиот Матеј како и кај многуте илјадници автори ширум светот да ги разберат убавините и доблестите на својата сакана земја и истите веродостојно да ги истакнат во една пристојно напишана македонска песна.

” СПЛОТИ СЕ МАКЕДОНИЈО “

Сплоти се Македонијо,

на цврст камен и кревка земја,

низ мирисот на вековита слобода и зацрнет опустошен темјан.

 Сплоти се Македонијо,

на ден денешен и засекогаш

и потсети не обединети на робјето кое не оцрнувало и одделувало некогаш.

 Сплоти се Македонијо,

токму овде на твојата дедовина поделена,

 потсобери си ја својата ширина од зинатите ридја

 на кои во дамнешни времиња им беше доделена.

Сплоти се Македонијо,

 Егејот цела да те види,

Пиринот обединета да те слушне и

 Вардарот горда да те пречека

 и сплоти се за секоја кротка мајка

која се уште за своето отидено чедо тажи и лелека.

Сплоти се Македонијо,

 како капка утринска роса на рапава работна дланка,

 како неизбежна мака и искрена, добронамерна, подадена рака,

како една убава мисла помеѓу двајца скарани и меѓусебно омразени браќа,

 како нешто што мислиш дека не го можеш,а толку многу го сакаш,

 сплоти се како парталав куфер кој повторно во своите родни краишта се враќа.

 Сплоти се Македонијо,

низ заборавени времиња и оковани простори,

низ жилавата срж на онаа врела борбена крв што низ сечиј тврд

 македонски корен се лее и постои,

низ гневниот револт на својот напатен народ и избувнатите

огорчени протести,

сплоти се Татковино моја и покорнички те преколнуваме прости ни.

Сплоти се Македонијо,

 како позлатените сончеви краци на твоето црвено скроено платно,

како пивка росна вода низ речното корито матно,

како многуте бујни долини низ длабоко распространетото ридје,

како распаднатата ровка земја низ плодните полиња и мачно обработеното нивје. Сплоти се Македонијо,

во вечен недоисплакан спомен на потомците твои,

 во вечен недоисчекан подем на се уште неродените дечиња свои,

 во вечен кобен помен на настраданите чеда твои,

 во вечна неверна пролет на зимските и студени зборови мои,

во вечен заробен копнеж за безбројте жртви на твоето

крвожедно тло кои повеќе никој не ги брои,

сплоти се земјо моја македонска во инат на онаа проклета

 судбина чии што туѓи лакоми раце,маките и тешкотиите твои ги крои.

Сплоти се Македонијо,

 убавино егејска,

великану вардарски,

величество пиринско,

бисеру балкански,

 сплоти се и живни во преродениот дух на непокорот македонски.

 И цела да си ми и вечна и сплотена на дедовинава земна,

 сплоти се Македонијо моја како некогаш на цврст Мечкин камен и

кревка македонска земја.

– Матеј Спасовски

Претходниот артикал,Елена Тодоровска- Уметник
Следната статијаФотографија од свадбена веселба во Пурчеви

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука