Вчера во Домот на Културата во Илинден, Нашето Здружение на Пензионери „Илинден“ беше домаќин на 21-ва Регионална ревија на песни музика и игри, каде учество зедоа околу 130 учесници од пензионерските здруженија од Илинден, Гази Баба, Кисела Вода, Сарај, ОВР како и Здружението на воени пензионери.

Пензионерските здруженија преку своите преставници учесници на оваа ревија се преставија со одлични пејачки и фолклорни настапи.
Нашето здружение иако најмладо и по број најмалубројно, се истакна со одлични изворни песни и игри .

Салата во Културниот беше преполна и сите учесници на ревијата ги добија заслужените аплаузи од присутните .
За одбележување е и тоа што салата во која се одржуваше ревијата беше прекрасно декорирана со килими и други фолклорни елементи ,домашна изработка во сопственост на жените учеснички од Илинден..