-На фотографијата Петре и Славко од Илинден фотографирани во 70-те години
Петре Здравковски припаѓа на Староседелскиот род-галабија „Џиковци“,припаѓа на првите генерации од нашата средина кои почнале да се вработуваат во државниот сектор.
Беше вработен во државниот сектор „Треска“-Скопје каде и цел работен век таму го помина.
Негови општи карактерестики беа што сите работи што ги вршеше ги доведуваше до совршенство,прецизно и точни, едноставно сите работи мораа да му бидат под „конец“.
Гаеше стил на современо модерно облекување секогаш „скрцкан“ дотеран од глава до пети…..
Остана запаметен по гореопишаното и oстана идол за многу млади кај нас ,а посебно за неговите потомци.
*Славко Ѓуровски ,кој припаѓа на родот-галабијата „Костадиновци“
Исто така припаѓа на првата генерација наши сограѓани од нашата средина кои почнале да се вработуваат во државниот сектор.
Ќе остане во сеќавање како човек кој сакаше да „рчне“ некоја состојба –дискусија, пред се за да предизвика шала.
Беше вработен во Високошколските Институции, на еден од Факултите во Скопје, а поради тоа неговиот еснав го накити со надимакот, Славко -„Декан“