*5 август1962.-Атина Бојаџи победи на првиот светски шампионат во маратонско пливање во Охрид во женска конкуренција. Во професионалната трка од македонските пливачи голем успех постигна Дики Бојаџи – трето место и Климе Савин кај аматерите – четврто место. Од 1992 година шампионатот е именуван како Охридски пливачки маратон, една од трките што се бодува за Светскиот маратонски куп.
* 5 август 1903 година по испраќањето на
познатиот Крушевски манифест низ околните села во Крушево следува одговорот на
кметот Синан од селото Алданци а текстот е следен:
„Драги соседи, од вашите писма разбравме дека
вие не сте лоши луѓе, дека сте ги напуштиле вашите домови, не за да го напаѓате
мирното население, туку да им се спротивставите на лошите луѓе и владата која
што ги заштитува. Но оние што ги барате не се меѓу нас, туку избегаа во
градовите. Што се однесува на нас, ви ветуваме дека ќе мируваме. Ако имате
желба да убивате невини луѓе тогаш повелете. Бог да и помогне на онаа земја
која е во потрага на правдата. Другите писма ги испративме во соседните села и
те, исто така, се согласуваат со нас. (потпис) кмет Синан.“
*5 август 1903, меѓу четирите востанички чети (по една од соседните села Ложани и Драслајца, и двете Ташмарунишки) со 140 востаници започнала борбата со десетпати побројниот турски аскер.И покрај бројната и оружена надмоќ на Турците, востаниците десет часа ги одржале позициите. Но кога од грб биле нападнати од други турски формации, востаниците, заштитувајќи го организираниот бег на населението, се повлекле кон Малесија и Дебрца каде ги продолжиле борбите. При влегувањето на аскерот во селото бил убиен заповедникот – милазимот од страна на тешко ранетите борци, кои не можеле де се повлечат.Селото било целосно ограбено и запалено. На боиштето останале 27 жртви на востаници и жители, кои по враќањето на селаните од збегот биле погребани. Деветнаесет востаници од соседните села биле закопани во заедничка гробница, а останатите во семејните гробови од селото- МИА.
.* 5 август1947.- Фубалските клубови од Скопје „Единство“, „Напредок“, „Зафер“ и „Љуботен“ ја формираа фудбалската екипа „Слога“.
*5 август 1992г.Русија е призна независноста на Македонија. Козирев ја посети Македонија и го извести македонското раководство и јавноста дека Русија донела одлука да ја признае Македонија. Со упорниот и аргументиран настап на бугарскиот претседател Жељу Желев, отпаднале резервите… и рускиот претседател решил да ја признае Македонија. Одлуката ја донел уште кога се наоѓал во Бугарија и веднаш од Софија го испрати заменикот на Козирев, Виталиј Чуркин во Македонија, кој на 5 август му ја предаде нотата за признавањето на министерот за надворешни работи на РМ Денко Малески… Тој настан беше од огромно значење за Република Македонија, меѓу другото и затоа што Русија ја призна Република Македонија под нејзиното уставно име…“
*5 август 1906г.Во Прилеп е роден Ристо Зердески –Зерде,првиот филмски артист во Македонија ,умре во Загреб на 1 мај 1970г.
*5 август1995.- Во Скопје умре д-р Вулнет Старова, професор на Медицинскиот факултет во Скопје и поранешен претседател на Собранието на СР Македонија. Роден е во селото Поградец, на 6 мај 1934 година.