*РИСТО АНДРЕЕВ –АКАДЕМСКИ СЛИКАР
Веќе неколку години во Домот на Култура во населба Илинден се одржуваат поединачни или групни уметнички изложби.
Еден од учесниците е и Академскиот сликар Ристо Андреев , кој со своето присуство на традиционалните групни изложби со неговите дела дава голема подршка и морал на уметниците –аматери од Илинден.
Инаку Ристо има средно уметничко училиште, а ликовна академија завршил во Скопје.
Ристо Андреев до сега учествувал на повеќе самостани и групни изложби.
Исто така Ристо бил учесник е на повеќе колонии како што се:Вевчани,Кратово,Љубанци,Кавадарци и други.










































