Мршевци – Основни податоци

0
1236

*Мршевци се наоѓа во источниот дел на Скопската Котлина на територијата на Општина Илинден, на 27 километри одалеченост од градот Скопје. Селото е рамничарско и лежи на надморска височина од 330 метри во долниот широк дел на Никуштанската речица. Изгледот на Мршевци се разликува од останатите села, бидејќи селото плански е формирано ,а во него плански биле доселувани српски колонисти по првата светска војна,односно помеѓу двете светски војни . Селото се состои од четири долги улици во правец север – југ и три пократки кои се протегаат во правец исток – запад. Атарот на селото зафаќа површина од 7,9 км² на кој доминира обработливото земјиште со 618 ха.

Историja
До 1908 година Мршевци било чисто македонско село населено со Македонци и броело 3 куќи од родовите: Крстевци, Серафиновци и Лазеви.

Жителите  од Мршевци работеле на чифлизите на Нури и Асан-Бег од Скопје, се до 1908 година кога турската државна власт ги откупила чифлиците, ги раселила Македонците (Крстевци и Серафиновци отишле во Скопје, а Лазеви во Агино Село), а на нивно место со цел да ја зацврстат својата власт турците  населиле околу 100 „бошњачки“ муслимански домаќинства. Муслиманите се задржале во Мршевци до крајот на турското владеење во 1912 година, кога се повлекле со турската војска, плашејќи се од одмазда, бидејќи често им напакостувале и ги ограбувале селаните од околните села или патниците кои минувале низ селото одејќи за Скопје или Куманово. Од 1912 до 1921 година, Мршевци било пусто селиште, разрушените куќи станале змијарници, а целиот атар бил обраснат со коров и трња.

Во март 1921 година во селото започнале да се доселуваат српски колонисти од јужна Србија, Далмација и Босна, а српската власт дури им доделувала земјиште на  потетези (Курилово, Рамниште, Два Брата, Голем Рид) обработливо  земјиште и пасишта, кој претходно припаѓале на околните села Бучинци и Бујковци.

Во јуни 1941 година бугарските власти ги иселиле речиси сите српски доселенички семејства, освен 2 семејства кои биле по потекло од Македонија, а на нивно место доселила семејства од околината на Крива Паланка и Куманово.

По втората светска војна еден дел од српските колонисти успеал да се врати назад во селото, a во поголем дел почнале да се доселуваат Македонци од североисточна Македонија.

Во Мршевци денес живеат околу 650 жители претежно составени од српски и македонски родови.
Српски родови кои живеат во Мршевци се :Радуловиќ,Николиќ,Сврабиќ.Медаревиќ,Стојановиќ,Миљковиќ,Вучиќ,Пешиќ,Крстиќ,Стојановиќ,Станојавиќ,Цветковиќ,Момчиловиќ,Данковиќ,Илиќ,Јовиќ и други,
Македонски родови кои живеат во селото Мршевци се: Богдановци (о
д околината на Крива Паланка), Стојчеви (од некое село во областа Козјачија во Кумановско)

Околу 1963 година македонските родови нараснале до бројка од околу 70 домаќинства, меѓу кои најбројни покрај погоренаведените биле родовите : Томевски, Ангеловски, Димитриевски, Трајановски и други,а истите воглавно се доселувале од кумановско-кривопаланечкиот регион.
Демографска состојба:
Во 1900г.-30 жители;1921г.-183 ж.;1948г.-526 ж.;1953г.-546 ж.;1961г.-666 ж.;1971г.-642 ж.;1981г.-656 ж.;1994г.-650 ж.;2002г.-652 ж.иво2021-547жители.

Во периодот 1945-1955г., Мршевци било дел од тогашната Општина Бунарџик.
Од 1955г.до 1965 г. било во состав на општина Петровец.
Во периодот од 1965 до 1968 било во состав на општина Кале ,
Од 1968 до 1976 година било во состав на општина Гази Баба.
Од1996 година,  е во составот на општина Илинден.

 


Стопанство:
Населението од Мршевци воглавно порано се занимавало со земјоделие и сточарство, особено со одгледување на житни култури, посебно пченица, ‘ и јачмен и тоа на големи посеви. Поради непосредната близина на рафинеријата за нафта „ОКТА“ денес поголемиот дел од населението е вработено во неа, а некои од жителите работат и во индустриските хали и погони во економската зона „Бунарџик“ и индустриската зона „Илинден“ и Градот Скопје.
Црква
Црква „Св. Спас“ – Мршевци
Црквата Свети Спас е македонски православен христијански црковен храм во Мршевци. Храмот се наоѓа на мало возвишение над селото, веднаш до фудбалското игралиште. Црквата започна да се гради  во 1998 година. Во нејзин склоп постои сала за ручек која собира 250 гости. Голем народен собор се одржува за патрониот празник Спасовден кој воедно е и селска слава на селото. Внатрешноста на црквата е живописана со нови фрески, кои се дар од семејствата кои живеат или водат потекло од селото Мршевци, а има и мермерен иконостас.
Иселеници од Мршевци има во околните села Бујковци, Текија, Дељадровци и градовите Скопје и Куманово.

Од  Мршевци потекнува една од најдобри ракометни репрезентативки на Македонија ,  Валентина Радуловиќ.

 

Претходниот артикал,Бујковци – Основни податоци
Следната статијаБучинци – Основни податоци

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука