НА ДЕНЕШЕН ДЕН 13 ФЕВРУАРИ

0
769

 

  • -13 февруари 1978 година за време на летот Б-707 од Југославија до Австралија во авионот се родил Јатко Тодев  . Јатко Тодев ,денес тој живее во Австралија и тој  е прв македонец кој се родил во авион. Неговата мајка Марија Тодева се породила во авионот и тоа било прв таков случај во историјата на воздушниот сообраќај.Името Јатко му го дал пилотот по името на авиокомпанијата ЈАТ.

-13 февруари 2011г.На Скопското Кале доjде до судир помеѓу поголема група млади од македонци  и албанци.Први дојдоа стотина Комити и закачија знаме на црквата-музеј,во знак на подршка за нејзината  изградба.Половина час подоцна друга група граѓани Албанци се организираше пред Скендербег. Се движеа низ чаршијата и се појавија под калето, пред Мустафа пашината џамија,кои беа против изградбата на црквата -музеј. Кон толпата им се приклучуваа и млади и стари. Пред тврдината групата броеше неколку стотини. Тие тргнаа на главниот влез од тврдината, а полицијата ги спроведуваше комитите кон излезот од другата страна.Токму кога двете групи се забележаа, се случи и инцидентот во меѓусебниот судир на двете групи.

-13 февруари 1893 починал Ѓорѓија Пулевски,македонски писател на кратки дела,лексикограф,историчар и воен водич .Автор е на првата печатена македонска граматика . Роден во селото Галичник, Ѓорѓија од печалбар-ѕидар во Романија до почетокот на 60-те години својот животен пат го продолжува низ разните ослободителни војни и востанија во текот на целата втора поволина на 19 век.Тој ја започнува борбата за слобода на својот народ, истовремено учествувајќи во ослободителната борба и на другите балкански народи. Верувајќи дека со тоа се бори и за својата татковина, Пулевски најпрвин се вклучува како доброволец во ослободителните акции во настаните од 1862-1863 година кога, како наредник на „понтонерска чета“, се бори против турскиот гарнизон во Белград. Потоа, по избувнувањето на Српско-турската војна (1876) тој пак се вклучува како доброволец, на страната на српската војска. Веќе во следната година започнува Руско-турската војна и Пулевски е одново со својата чета во редовите на авангардата на руската армија при ослободувањето на Бугарија.

ПРВИТЕ ЧЛЕНОВИ НА ДПМ

* 13 февруари 1947 во Скопје било основано Друштво на писателите на Македонија (ДПМ) — професионално здружение на писателите од Македонија. Основачи се: Блаже Конески, Димитар Митрев, Славко Јаневски, Ацо Шопов, Владо Малевски, Ристо Крле, Васил Иљоски и Иван Точко.

За прв претседател на ДПМ е избран Блаже Конески.

Фотографија: Друштво на писателите на Македонија, 1953 г. (Преземено од Меѓународен семинар за македонски јазик, литература и култура)

Стојат: Александар Спасов, Јордан Леов, Лина Малинска, Јован Бошковски, Коле Чашуле, Блаже Конески и Симон Дракул.

Седат: Ацо Шопов, Антон Панов, Ѓорѓи Абаџиев, Васил Иљоски и Димитар Митрев.

– 13 февруари 1953 г.во Штип  роден е Д-р Љупчо Јордановски  македонски политичар, професор и сеизмолог , претседател на Партијата на слободни демократи и поранешен претседател на Собранието на Република Македонија.Беше оженет и татко на три деца. Во 1975 станал дипломиран електротехнички инженер на Електротехнички факултет при Загребски универзитет. Докторирал на Универзитетот Јужна Калифорнија во САД во 1985. Беше активен на политичката сцена во 2000-тите.Почина на 7 октомври 2010г.

– 13 февруари 1961г. роден е  Драги Сетинов — македонски фудбалер.

13 февруари 1973г родена е Наташа Бунтеска — македонска поетеса.

-13 февруари 1996г . починал  Зија Бериша —  актер на Албанската драма при Театарот на народностите во Скопје..  

-13 фебруари 2001г. намерно беше прегазен со кола е полицаецот ЧЕДО ДОДЕВСКИ (†45) со уште тојца свои колеги вршејќи рутинска контрола на патот Куманово – Липково.

-13 февруари 2019 доцна попладнето на автопатот Скопје- Тетово кај селото Ласкарци се случи тешка сообраќајна несреќа ,кога автобусот на Дурмо Турист од Гостивар излета од автопатот при што на лице место загинаа 7 патника,а  останатите 8  подлегнаа од повредите во скопските болници:

Раметула Абдураими, единец во семејството Абдураими.2.Валдете Хамити (1989), од Дебреште, мајка на две деца. 3.Јовица Трпевски, од Гостивар, син на пратеникот Благојче Трпевски. 4. Арсен Арсовски. 5. Онур Садику (19),од Гостивар.6. Есат Емрули, од Гостивар.7.Ајдин Исмаили (19) од Гостивар.8 Бесим Фетаи, од Врапчиште. 9 Бејза Узеири, од Долна Бањица. 10.Зоран Давидовски (1981), вработен во Град Скопје.11.Бобан Аврамовски, студент на ФОН. 12.Трпана Јаневска, пензионерка од Гостивар. 13. Дејан Ристевски, вработен во Народна банка на Македонија.             14.Павле Костоски, од Гостивар, дипломец на правниот факултет во Скопје. 15.Ферди Касо од Гостивар

Во стравичната автобуска несреќа на патот Скопје- Тетово повредени се 37 лица.

Претходниот артикал,ПРВ МАКЕДОНЕЦ РОДЕН ВО АВИОН
Следната статијаСвадба на Трајче и Даница-1959

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука