Ја изработи иконата посветена на Петок Балаклија ,која ќе го краси едно место во Крива Паланка, каде е во тек изградба на голема чешма во која ке биде поставена истата.
Димензијата е 1200х100 насликана е на медијапан со техника масни бои.
Инаку ,првиот петок по Велигден е источен петок Балаклија или Источен петок.
Според народните верувања овој празник се вика уште и изворно лекување бидејки тој ден верниците одат до најблискиот извор и се измиваат поради лекување од многу болести, затоа и оваа икона се поставува на чешма .
Овој ден е посветен на прославување на Пресвета Богородица која на тој ден со Богослужењето се нарекува Животоносен Источник.