Изложба на БЛАЖЕ ДОНЕВ-Уметник

0
223

БЛАЖЕ ДОНЕВ-Уметник ,на 19 јуни 2018 година во домот на култура Илинден-населба Илинден ќе одржи самостална изложба.На фотографијата Блаже Донев и неговиот колега Зоран Трпевски во домот на култура ги вршат подготовките за изложбата.
Инаку Блаже Донев до сега има направено две самостојни изложби во халата на хотел Белви, Илинден, Скопје во 2003 год. и во 2010 година. Исто така има учествувано во повеке групни изложби во Илинден и низ Македонија. Негов стил на творење е реализмот и надреализмот како правци во сликарството, но исто така тој го претставува македонскиот фолклор и традиција со неговите портрети, иконописи и фрескописи.
Сликарството го осознава преку афирмираниот академскиот сликар Новица Трајковски-„татко“на уметноста во Илинден,по негова иницијаатива во Илинден се одржуваат по две групни изложби на кои учествуваат уметници кои живеат,или потекнуваат од Илинден.

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука