
28 декември 1944 г. во Скопје почнало со работа второто заседание на АСНОМ кое траело до 30 декември. Во документите е познато како Прво вонредно заседание поради деловникот според кој редовно заседание на АСНОМ се свикувало на 6 месеци (а од првото историско заседание одржано на 2 август-Илинден-1944 поминале само четири и пол месеци), но сепак, според својата суштина ова било второ редовно заседание. Во прилог, на едно место објавувам познати, помалку познати и воопшто непознати фотографии од ова заседание што ги имам собрано низ годиниве.Обрнете внимание на содржината на паролите со кои е украсена салата во која се одржало заседанието и сетете се на зборовите на британскиот капетан Мекдоналд што ги посочив пред неколку недели, дека македонските партизани во ВСВ пред се’ биле националистички настроени т.е. се стремеле кон македонска национална независност, дека се бореле за ослободување и обединување на целокупна Македонија и дека федерирањето со другите народи во Југославија на чело со Тито го сфаќале како потпора во остварувањето на овие цели.

* 28 декември 1943 година. Во селата Прждево и Клисура, кај Неготино, партизанскиот баталјон „Страшо Пинџур“ ги нападна германските делови за врска и деловите за противавионски извидувања. По куса борба кај селото Прждево, загинаа седум германски војници, додека нападот врз селото Клисура, не успеал поради интервенција на бугарските единици од Кавадарци и Демир Капија.

*28 декември 1944.- Во Скопје почна да работи Радио Скопје на куси бранови од 50 метри на македонски јазик. Првата емисија што ја емитуваше беше преносот од Второто (вонредно) заседание на АСНОМ.

*28 декември 1961.- Во селото Жилче, Тетовско, е роден Бошко Ѓуровски, македонски и југословенски фудбалер и тренер. Својата кариера ја започнал во ФК „Тетекс“ од Тетово, а настапувал и во ФК „Црвена Ѕвезда“ и ФК „Сервет“. По крајот на својата играчка кариера, работел како тренер и асистент во повеќе клубови, а од 1 јануари 2014 до 7 април 2015 година бил селектор на фудбалската репрезентација на Македонија.

*28 ДЕКЕМВРИ Во 1972 година во село Јанкоец, Ресенско почина Наум ВЕСЛИЕВСКИ-ОВЧАРОТ, припадник на Македонското националноослободително движење во Вардарскиот дел на Македонија . Во текот на НОАВМ заземал повеќе раководни должности: заменик-командант напартизанскиот одред “Даме Груев” во 1942 г., командант на Првиот баталјон “Мирче Ацев”, политички комесар на Третата македонска бригада (март – август 1944), командант на Втората македонска бригада (25 август – 25 ноември 1944), командант на Четириесет и првата (македонска) дивизија на НОВЈ (25 ноември 1944 – 1945) и командант на Осмата (македонска) дивизија на Корпусот на народна одбрана (КНОЈ) во 1945 г. Бил учесник на Првото заседание на АСНОМ. По Ослободувањето ја завршил Воената академија „Фрунзе“ во Москва (1945-1947), а по враќањето имал чин потполковник на Југословенската армија и бил командант на Третата ударна дивизија.
*28 декември 1997г. –Поради долготрајни недоразбирања во Австралиската епархија на МПЦ во Мелбурн колумнира со масовна тепачка помеѓу приврзаниците и противниците на владиката Петар .
*28 декември 1988.- Во Прилеп умре Рампо Конески, еден од доајените на театарската уметност во Македонија, прв д2001 иректор на Народниот театар „Војдан Чернодрински“ во Прилеп. Роден бил во 1916 година.

*28 декември 2001 очина Џемаил Максут — македонски театарски и филмски актер
*28 декември 2001,почина Атанас Петровски — македонски филмски режисер и продуцент.

*28 декември 2010 во Скопје,почина Атина Бојаџи — македонска маратонка во пливање. Уште на 11 годишна возраст успеала да ги собори сите македонски рекорди во пливање на кратки патеки. Таа е најмладиот шампион на охридскиот маратон .Била светски шампион во Маратонско пливање на слатки и солени водиво 1962г.Врв во нејзината пливачка кариера е препливувањето на ЛА МАНШна 9 септември 1969 г.и со тоа останува единствената македонка која го остварила овој успех.

*28 денкември2020 година , по долго боледување во Скопје , почина Негово Високопреосвештенство Поранешниот Митрополит Европски Горазд