*6 февруари 1945 година Македонија поделена е на осум окрузи,меѓу кои и Скопскиот.
Сите население места на денешната Општина Илинден влегле во составот на Скопскиот округ, односно Скопската околија со седиште во градот Скопје.
-30 Август 1945 наместо дотогашните седум се утврдиле 4 окрузи и Градот Скопје како посебна административнотериторијална целина.
На сегашната територија на Општина Илинден месни народни одбори имало во селата: Ајватовци, Белимбегово,Бујковци, Бунарџик, Дељадровци, Кадино, Марино, Миладиновци, Мралино, Мршевци и Текија.
-Вo составот на Скопскиот округ влегувала и Маџарската околија, каде што територијално припаѓале сите села на сегашната Општина Илинден.
Седиштето на околијата била во с. Маџари, со седишта народни одбори во Маџарска околија биле:
1. Марино селски местен народен одбор,со седиште во с. Марино, во кој влегувале селата: Марино Село, Белимбегово , Бунарџик и Ајватовци.
2. Мршевски местен народен одбор, со седиште во с. Мршевци, во кој влегувале селата: Мршевци, Бучинци и Грушино.
3. Миладиновски местен народен одбор,со седиште во с.Миладиновци, во кој влегувале селата: Миладиновци и Бујковци.
4. Кадиноселски местен народен одбор,со седиште во с. Кадино Село, во кој влегувале селата: Кадино Село, Мралино и Идризово.
5. Дељадровски местен народен одбор,со седиште во с. Дељадровци, во кој влегувале
селата: Дељадровци, Текија, Брзак и Чифлик.
–Во 1947 година, се донел новиот Закон за административно-територијална поделба на Македонија, биле формирани нови центри на месните народни одбори со мали измени и тоа:
1. Седиште Белимбегово со селата: Белимбегово, Марино Село, Ајватовци и Бунарџик.
2. Седиште Бучинци со селата: Бучинци и Грушино.
3. Седиште Мршевци со селата: Мршевци, Дељадровци и Текија.
4. Седиште Миладиновци со селата: Миладиновци и Бујковци.
5. Седиште Кадино Село со селата: Кадино Село, Мралино Село, Идризово.
–На 18 септември 1950 година, Македонија била поделена на 27 околии и 446 месни народни одбори. Селата кои денес и припаѓаат на Општина Илинден тогаш влегувале во составот на Скопската околија и тоа:
Бунарџик, со седиште на месниот народен одбор во с. Бунарџик, во чие подрачје влегувале селата: Ајватовци, Бунарџик, Белимбегово, Марино и Миладиновци.
Кадино, со седиште на местниот народен одбор во с. Кадино, во чие подрачје влегувале селата:Идризово, Јурумлери, Кадино, Мралино и Трубарево.
Мршевци, со седиште на местниот народен одбор во с. Мршевци, во чие подрачје влегувале
селата: Бучинци, Бујковци, Грушино, Дељадровци, Мршевци и Текија.
-1 април 1952 година донесен е Закон и во Скопската околија влегувале 18 општини.
Една од новоформираните општини, била Бунарџиската општина. Во составот на новоформираната општина влегувале следнивесела: Ајватовци, Белимбегово, Бујковци, Бунарџик,Бучинци, Дељадровци, Марино,Миладиновци,Мршевци и Текија.
Додека Кадино и Мралино во тоа време биле приклучени во составот на новоформираната Петровачка општина.
–На 28 јуни 1955 година бил донесен Закон за подрачјата на околиите и општините на НР Македонија.Од дотогаш постојните 18 општини во Скопска околија, утврдени во 1952 година, биле сведени на девет општини и тоа: Бутел, Ѓорче Петров, Драчево,Петровец,Ракотинци, Идадија, Кале, Кисела Вода и Саат Кула. Една од општините што биле укинати со овој закон била и Бунарџиската општина.
Сите населени места од тогашната Бунарџиска општина (Ајватовци, Белимбегoво, Бујковци, Бунарџик, Бучинци, Дељадровци,Марино, Миладиновци, Мршевци и Текија)биле приклучени кон новоформираната Општина Петровец.
Тука се наоѓале и двете села Кадино и Мралино, кои и дотогаш биле составен дел на Општина Петровец.
–Во 1963 се укинала дотогашната скопска околија се утврдувало за подрачје на градот Скопје и него го сочинувале подрачјата на дотогашните општини: Идадија, Кале,Кисела Вода, Саат Кула, Ѓорче Петров, Драчево и Петровец.
–На 22 и 23 јануари 1965 година за Градското собрание на Скопје, повторно доаѓа до нови територијални промени на територијата на градот Скопје. Идадија,Кале и Кисела Вода го сочинувале подрачјето на град Скопје, а другите четири општини, Саат Кула, Ѓорче Петров, Драчево и Петровец,се присоединиле кон новоформираните три општини.
– Во 1965 година, кон општина Кале, која го опфаќала дел од подрачјето на градот Скопје и селата: Ајватовци,Белимбегово, Бујковци, Бунарџик, Бучинци, Дељадровци, Марино, Миладиновци, Мршевци, Текија, Кадино и Мралино.
–На 25 декември 1968 година се формира Општина на градот Скопје.Според овој Закон, општините: Идадија, Кале и Кисела Вода биле укинати, а административните подрачја на тие подрачја го сочинувале подрачјето на градот Скопје. Подрачјето на Општината на градот Скопје го сочинувала територијата на градот и 128 населени места,меѓу кои и сите села од сегашна општина Илинден. Ајватовци,Белимбегово, Бујковци, Бунарџик, Бучинци, Дељадровци, Марино, Миладиновци, Мршевци, Текија, Кадино и Мралино.
–На 16 март 1976 година, го донеле Законот за образување општини во градот Скопје и се образувале пет општини, и тоа: Гази Баба, Карпош, Центар, Кисела Вода и Чаир.
-Од 16 март во Општина, Гази Баба,покрај 4 градски,средини влегле 40 села во состав на општината,а меѓу нив и: Ајватовци,Белимбегово, Бујковци, Бунарџик, Бучинци, Дељадровци, Марино, Миладиновци, Мршевци, Текија, Кадино и Мралино.
-На 12 септември 1996 година. Во Македонија се форммираа 123 општини и градот Скопје со Градско собрание, а од дотогашната Општина Гази Баба произлегоа четири нови општини и тоа: Арачиново (со 9.960 жители),
Илинден (со 14.512 жители), Петровец (со 8.123 жители) и општина Гази Баба ( со 72.222 жите
ли).
-На 11 август 2004 година, во Република Македонија, се донесе Закон за нова територијална поделба,а бројот на општините од 123 се намалил на 84 општини.

Според овој Закон Општината Илинден, ја сочинуваат истите населени места како и претходно и тоа: Илинден, Марино, Кадино, Мралино, Бунарџик, Ајватовци, Миладиновци, Бујковци, Мршевци, Бучинци, Текија и Дељадровци.Седиштето на Општината е во населба Илинден.