Во источниот рамничарски дел на плодната Скопска Котлина, област позната и по називот долна скопска балатија, се наоѓа распослана територијата на селата кои ги обработуваме на оваа страница и сите припаѓаат на Општина Илинден.
Инаку долна блатија го зафаќа просторот од Маџари ,па се до крајните источни и североисточни делови од скопската котлина.
Во основа, територијата на овие села има рамничарска морфологија на теренот што претставува 80% од површината, а 20% е застапена со мал ридест дел во северозападен правец каде што изавршува падината на Скопска Црна Гора.

Територијата се наоѓа во непосредна близина на Скопје, од околу 10 км,па до најдалечните села 30 км оддалеченост од потесното градско подрачје.

Од запад оваа област-територија се граничи со Општина Гази Баба,од северозапад со Општина Арачиното, од север-североисток со Општина Куманово, а од исток и од југ со Општина Петровец и со Општина Гази Баба.
Поради својата добра географска положба и богатата инфраструктура, оваа област претставува одлична средина за индустриски и економски развој.

Областа се наоѓа меѓу 230 и 550 м.н.в., односно помеѓу суво земјиште на исток и на север и барско на јужната и западната страна.









































