Овој пат е од особена важност за жителите од сите 12-те населени места од општина Илинден.
Истиот пат преку Хиподром-Маџари не поврзува со Градот Скопје, а преку истиот се движат и автобусите од јавниот градски превоз.

Покрај особената важност за населението, патот е од особена важност и за локалната економска зона „Илинден“која преку него се поврзува со Градот Скопје и Автопатот.
Целосната реконструкција опфаќа должина од 700 метри и широчина од 6 метри.

Средствата за реконструкција ги обезбеди општина Илинден во соработка со Центарот на Скопски плански регион.