Епидемии што го покосија светот

0
121

Не е првпат во историјата на човештвото да има епидемии од заразни болести. Колерата, црната чума и грипот се едни од најголемите брутални убијци во човечката историја од епидемиски размери. 

-Антонинска чума-Вкупно мртви: пет милиони се случила од 165 година па до 180\190 година(во новата ера). Таа ги погодила Азија, Египет, Грција и Италија

-Јустинијанова чума
Вкупно мртви: од 25 до 50 милиони-Оваа чума убила 40 проценти од светската популација. Траела само една година, од 541 до 542 година, во Европа, Египет и во Западна Азија. Оваа чума ја покосила половина Европа

-Црна смрт
Број на мртви: од 75 до 200 милиони-Во периодот од 1346 до 1353 година, огромна епидемиска чума им се случува на Европа, Африка и на Азија, која зела од 75 до 200 милиони жртви.

-Трета пандемија на колера
Број на мртви: еден милион-Третата епидемија на колера зела еден милион жртви во периодот од 1852 до 1860 година. Инфекцијата на тенкото црево предизвикувала малаксаност, треска, дехидрација и дисбаланс на електролитите во организмот. Првично започнала во Индија, па преку воден пат се проширила низ Азија, Европа, Северна Америка и Африка.

-Епидемија на грип
Број на мртви: еден милион-Првично грипот бил нарекуван „руски грип“. Првите случаи биле откриени во мај 1889 година, на три различни локации во Централна Азија, северозападна Канада и на Гренланд.

-Шеста пандемија на колера-Број на мртви: повеќе од 800 илјади.Шестиот пат кога колерата повторно почнала да завладува со Индија, убила повеќе од 800 илјади пред да почне да се шири на Средниот Исток, Северна Африка, Источна Европа и Русија.

-Епидемија на грип-Број на мртви: од 20 до 50 милиони.Помеѓу 1918 и 1920 година, повеќе од една третина од светската популација заболела од инфлуенца, односно грип. Починале од 20 до 50 милиони лица.

-Азиски грип-Број на мрви: два милиона.Азискиот грип се појавил во 1956 година во Кина и траел до 1958 година. Во неговото двегодишно траење, тој од Кина се проширил во Сингапур, Хонгконг и Соединетите Американски Држави.

-Епидемија на грип-Број на мртви: еден милион.Овој грип се проширил со експресна брзина. Првиот случај бил евидентиран на 13 јули 1968 година во Хонгконг, а за само 17 дена биле забележани заболени случаи во Сингапур и Виетнам, а за три месеци грипот веќе косел во Филипините, Индија, Австралија, Европа и Соединетите Американски Држави.

-Епидемија на ХИВ\СИДА-Број на мртви: 36 милиони.Првиот случај бил евидентиран во Демократска Република Конго во 1976 година. Од ХИВ\СИДА досега умреле над 36 милиони низ светот. Во моментов, бројот на заразени изнесува повеќе од 30 милиони.

-Ебола-Број на мртви: над 11 илјади.Првата поголема епидемија на ебола се појавила во 1976 година во Судан и била предизвикана од судански вирус.

-Вариола вера во Југославија

Поранешна Југославија е запаметена како земја каде што последен пат се појавила епидемија на вариола вера. Пред повеќе од 40 години, во Србија официјално заболеле 175 лица, а починале 40. Сѐ започнало на 14 март 1972 година, кога вирусот пристигнал од Косово. Епидемијата се проширила кон Нови Пазар, Чачак и Белград. Епидемијата траела до 30 април, а помал број заболени имало до средината на мај.Преземено од Даниела Трајковска Здравескаhttps://www.novamakedonija.com.mk/

Претходниот артикал,НА ДЕНЕШЕН ДЕН – 24 МАРТ
Следната статијаНА ДЕНЕШЕН ДЕН -25 МАРТ

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука