-25 март 1911.- Во селото Долнени, Прилепско, роден е г.г. Ангелариј (Цветко Крстески), поглавар на Македонската православна црква, архиепископ охридски и македонски. Загина во несреќа, на патот Прилеп – Велес, во Дреновската Клисура, на 15 јуни 1986 година.

-25 март 1860 година, Григор Прличев со поемата Сердарот, ја однел првата награда за најдобра поема на традиционалниот книжевен конкурс што се одржувал секоја година во Атина. Тој станал овенчан поет и бил наречен Втор Хомер, подвиг кој дотогаш никој не го направил. По три дена Прличев бил повикан од универзитетските власти и пред нив бил принуден да ја рецитира поемата за да докаже дека е нејзин автор. Треба да се истакне дека откако увиделе дека тој е автор на поемата му била дадена наградата која била во сребро, а требала да биде во злато. Тој се откажал од половина од наградата за благородни цели и од месечната пензија која му била доделена од грчкиот крал Отон. И покрај сета преданост кон грчката култура, при сиот творечки успех во поезијата на грчки јазик и пофалните зборови на Рангавис, Прличев бил понижен и тоа кај него предизвикало презир и раскинување со Грција. По овие настани Прличев се вратил во Охрид, го напуштил својот поетски сон и се посветил на будење на народот низ просветување и со тоа завршува неговиот приод во кој стекнува полна афирмација во грчката книжевност.

-25 март 1873.- Во селото Осој, Дебарско, е роден Нестор Алексиев Мирчевски, последен од големата тајфа македонски резбари. Зад себе оставил големо дело кое може да се сретне во резбарските иконостаси во Македонија и во други балкански земји. Во 1939 година ја освоил првата награда на Светската изложба на уметничкото занаетчиство во Берлин. Умрел во Скопје, на 17 јули 1969 година.

-25 март 1884.- Во селото Селци, Дебарско, е роден Арсениј Јовков, македонски револуционер и публицист. Учествувал во Илинденското востание во 1903 година и напишал поема за него. Како емигрант во Бугарија го редактирал весникот „Илинден“ и објавил голем број статии во него. Тој бил првиот македонски филмски сценарист, според чие сценарио во 1923 година е снимен документарниот филм „Македонија на филм“. На ѕверски начин бил убиен од агентите на Ванчо Михајлов во крвавите горноџумајски настани, на 14 септември 1924 година.

–25 март 1902.– Загинал Методи Патчев, македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, член, раководител и војвода на Македонската револуционерна организација. Откако на селскиот празник, Благоец, дошол со шестмина соборци во Кадино Село, Прилепско, за да покрсти нови членови за организацијата, бил предаден и опкружен од турскиот аскер и башибозук. Нерамноправната јуначка борба траела се до моментот кога на четниците им снемало муниција. На повикот од аскерот да се предадат одговориле дека македонски борци не се предаваат и Методи Патчев и неговите соборци со последните куршуми извршиле групно самоубиство.https://mk.wikipedia.org/

– 25 март 1905 во темни зори во Село Загоричани една грчка разбојничка банда од околу 200-300 души го нападнала селото од сите страни. Најнапред се слушнало како свири труба, а потоа почнаа да грмат пушки „маузерки“. Населението, мислејќи дека селото е заобиколено од војска, не мрдна од своите места и замрзна од силниот грмеж и од динамитните бомби исфрлени на разни места и од куршумите, кои како град се сосипаа над покривите на замрзнатите селани, неподдржувани од никаде. Бандата извршила ужаси нечуени досега во светската историја на човештвото. Почнаа да ги кршат вратите и да влегуваат во куќите, да убиваат и да собираат се што ќе се испречеше пред нивните крвожедни очи. Без причина убиваа мажи, жени и деца и домашни животни. Во тие критични часови голем беше лелекот по целото село! Беспомошното население, обземено од паничен страв, трчаше по улиците и избезумено бараше прибежиште за да се скрие од куршумите и од ножот на тие поклоници на „вандализмот“! Секој што падна во нивните безмилосни раце беше трагично убиен!
25 март 1903 ,починал Геле Трсијански— македонски револуционер.
-25 март 1930,роден е Цветко Мартиновски — македонски раскажувач и преведувач.
-25 март 1991.- Советот на Струшките вечери на поезијата за добитник на „Златниот венец“ на Струшките вечери на поезијата за 1991 година го прогласи Јосиф Бродски, поет – (дисидент), Нобеловец, советски поисател кој живееше во САД.

– 25 март 1992 согласно договорот потпишан меѓу Претседателот на Република Македонија, Киро Глигоров и генерал Благоја Аџиќ од ЈНА, меѓу останатото си заминаа старешините и војниците на ЈНА од велешката касарна Алексо Деневски Бауман. Касарната ја преземаа припадници од територијалната единица, се сеќава Ацо Кимов, кој во тој период беше командант на Територијална одбрана.
-25 март 1993 ,починала Борка Аврамова — македонска скулпторка.
-25 март 2001г. Тетовското кале беше освоено од страна на АРМ и МВР!

-25 март 2014.- На 89-годишна возраст во Скопје почина актерката Мери Бошкова, една од доајените на македонското глумиште. Бошкова ќе остане запаметена по насловната улога во првиот македонски долгометражен филм „Фросина“ (1952), како и во првата македонска филмска комедија „Мирно Лето“ (1961). Она што најмногу ја одвојува и по што ќе се памети Бошкова е улогата на Живка во комедијата на Бранислав Нушиќ, „Госпоѓа Министерка“ која ја играше на сцената на Македонскиот народен театар во Скопје. Освен во театарот, Бошкова беше активна и во радио-драмата, тв-драмите, како и на филмот. Нејзина последна улога беше во филмот на Димитрие Османли, „Ангели на отпад“. Добитничка е на најголемите признанија во нејзината богата актерска кариера: Награда 11 Октомври; Награда за најдобро актерско остварување на Македонскиот театарски фестивал Стериина награда за најдобро актерско остварување на Фестивалот Стериино позорје; Награда на град Скопје 13 Ноември и други.