ЃОРЃИЈА ПИЛИЧКОВСКИ,познати личности од Илинден

0
231

 Ѓорѓија Пиличковски, потекнувал  од староседелскиот  род  „Пиличковци“,еден од најстарите родови кој се доселиле и формирале поранешно Белимбегово.
Роден  бил во 1861 година од татко Велко и мајка  Злата оженет бил со Ката и  имал три сина Богоја, Милан и Димче и една ќерка Цветанка.
Веднаш по формирањето на ВМРО станал нејзин активен член,  учествувал во Илинденското востание во 1903 година.
 Учествувал на Конгресот на Скопскиот револуционарен округ, кој започнал со работа на 2 јануари 1905 година и траел една недела. Конгресот  се одржал во Осоговските Планини над село Кнежево, Кратовско.
 Тој, заедно со Цветан Златанов од с.Бунарџик  биле најактивни   во четата на Васил Аџаларски. Дружбата со Цветан била зацврстена со зголемената меѓусебната доверба откако ќерката на Ѓорѓија, Цветанка била омажена за синот на Цветан, Павле.
Исто така Ѓорѓија и Цветан учествувале и на Рилскиот конгрес кој се одржал во октомври  1905 година, а до таму патувале пеш цели 12 дена.
Според  усната традиција пренесувана од колено на колено, тој неколку пати имал средби со Гоце Делчев и Даме Груев.
Значајна улога во револуционерното движење во  Скопскиот регион пред, во и по илинденскиот период одиграл и Ѓорѓија Пиличковски од с. Белим бегово. Тој бил цело време во четата на В. Аџаларски, бил еден од ретките писмени луѓе, бил задолжен за водење на четната документација.
Револуционерниот дух тој го всадил и врз синот  Богоја,роден 1882,каде заедно син и татко учествувале во Балканските војни, во една од четите организирани од Јане Сандански
Со името на Ѓ. Пиличковски е врзан и настанот со неговото бегање од турската полиција, кој и денес во н. Илинден се уште е во живо сеќавање. Имено, тој, во 1909-1910 година ненадејно бил уапсен од Турците додека работел на неговата нива (кај денешната спортска сала во н. Илинден). Во исто време бил уапсен и Ц. Златанов од с. Бунарџик. Тие двајцата врзани еден за друг, Турците под стража ги потерале кон Скопје. По патот биле малтретирани и тепани. Тие биле свесни дека од затворот живи нема да излезат. Затоа, тајно се договориле кога ќе стигнат над железничкиот мост на реката Вардар да се фрлат во реката. Во тоа време реката Вардар била потесна, со многу брзаци и густа шумски-грмушкаски израстоци  по бреговите, што секако им помогнало, кога се фрлиле, водата брзо да ги понесе по нејзиното течение. Еден километар подолу, со надчовечки напори и борба за својот живот со брзата вода, успеале да излезат од реката и да се спасат. Доцна во ноќта двајцата со Цветан се прибрале дома во домот на Ѓорѓија во Пиличковци. Домашните веднаш приметиле дека нешто не е во ред и Ѓорѓија и Цветан не изгледале добро, но не се доверериле да кажат што им се случило. Сепак морале да се преоблечат поради измокрените алишта ,дури кога се раскомотиле и со обувките домашните виделе дека истите биле наполнети со крв, нешто од тепањето ,нешто од што се избоделе по дрвените израстоци по бреговите на Вардар  (Писмени сеќавања на Санде Ѓорѓиевски (роден 1930 година), внук на Ѓ. Пиличковски.

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

По негова иницијатива, кон крајот на 19 век, била изградена првата црква во с. Белимбегово. Тоа бил мал црковен храм направен од плитар и измачкан со кал, кој месното население започнал да го користи кон крајот на 19 век.

Ѓорѓија Пиличковски има одиграно голема улога во изградбата на црквата Св. „Цар Константин и Елена“, околу 1900г. Како ктитор на црквата тој и бил погребан непосредно до влезот на црквата.

Но,, црквата низ времето била многу пати проширувана –доградувана за жал, поради нестручните работа и крајната неодговорнсот на тие кои ја проширувале црквата, неговото обележје –крстот што стоеше на предната лева страна на црквата , за несреќа на историјата и целото село, неговите останки биле преместени на селските гробишта.
За време на сите верски празници, кога според верските обичаи од страна на жените се раздавало во дворот на црквата за душите на умрените, секоја галабија си имала точно определено место во црковниот двор, додека жените од галабијата на Пиличковци, тој обред го извршувале на крстот, местото каде некогаш бил погребан ктиторот на црквата Ѓорѓија Пиличковски.
Ѓорѓија, починал во 1915 година како последица  од туберколоза ,болест која таа година го десеткувала населението од нашава средина и пошироко. 

Претходниот артикал,Игор Арсовски -новиот кум
Следната статијаХидрографски карактеристики на територијата на населба Илинден

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука