НА ДЕНЕШЕН ДЕН-8 ЈУНИ

0
69

* 8 јуни е светски Ден на Океаните

* 8 јуни 1934.- Во селото Колешино, Струмичко, е роден Видое Подгорец, македонски писател и патописец. Неговото дело е мошне обемно. Покрај другото, беше уредник на списанијата за деца„Другарче“ и „Наш свет“ и директор и главен и одговорен уредник на НИК „Наша книга“. Умре во Скопје, на 14 април 1997 година.

* 8 јуни 1905г. Во Велес роден е Стефан Гајдов,композитор,диригент и педагог,спаѓ во првата генерации македонски музички дејци. Милан Гајдов свирел на повеќе народни  музички инструменти, кои што постојано  ја поттикнувале љубопитноста на малиот Стефан. Иако во опширната  биографија на Стефан М. Гајдов,  постојат податоци дека  уште на девет години веќе свирел на хармоника  и потоа на мандолина, а дека нотното писмо го учел од Илија Настов, завршениот богослов на Цариградската богословија, вистинското образование го добил кога станал ученик на Гимназијата во Велес. Професорот по музика, Стеван М. Шијачки (1885 – 1956), во 1922 година ја почувствувал големата љубов и талент за музиката кај Стефан М. Гајдов, што било причина да му советува школување на Музичката  школа во Белград. Благодарејќи на изразената професионалност на Ст. Мил Шијачки, младиот Стефан, не само што започнал да учи пијано, но застанал да диригира и со хорот на Гимназијата во којашто учел, на 3 март 1922 година. Но, во есента на истата 1922 год. Стефан Гајдов формирал и Градски оркестар наречен „Гром“, со којшто диригирал и на  јавни приредби во градот Велес, во текот на 1922 – 1924 година.Починал на 17 јули 1992г.

* 8 јули 1908 година во Мурзук од туберкулоза починал Милан Арсов. Македонски револуционер – анархист, член на Гемиџиите и еден од солунските атентатори. Арсов е еден од четворицата преживеани гемиџии кој биле изведени пред специјален воен суд. Заедно со Павел Шатев, Георги Богданов и Марко Бошнаков е осуден на смрт, но казната била преиначена во доживотен затвор и тој, заедно со останатите атентатори, бил испратен на Фезан во Африка.Неговиот череп од страна на Павел Шатев и Георги Богданов бил вратен во Македонија.

*8 јуни 1940г. Пред Министерскиот совет во Белград бил  обвинит  Методија Андонов –Ченто ,за неговите ставови за осамостојувањето на Македонија.

Претходниот артикал,Манастир Св. Ѓорѓија-Дељадровци
Следната статија-Црква „Св. Троица“ – Бардовци

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука