Пошумувањето се изведе на Ајватовски рид во рамки на проектот, во делот кој беше опфатен со големите пожари летово и беше уништена шума во површина од 30 ха.
Во оваа акција за збогатување и обновување на шумскиот фонд, засадени се 11 000 садници од видот багрем,додека во кругот на училиштето ООУ Гоце Делчев беа засадени високо квалитетни дрвја кои ќе придонесат за прочистување на воздухот, сенка за одмор и рекреација на учениците и позеленување на училишниот двор.
Во акцијата учествуваа голем број граѓани ,вработените од општината ,јавните претпријатија , учениците општинските основни училишта, како и Вработените и учениците од СОСУ „Илинден“-Илинден .
Поголемиот дел од садниот материјал беше обезбеден од работните компании Џонсон Мети, Хавеп Импекс, Пекабеско, Еко Дани Трејд и Тримил Р, МАН, СИГО, Фреш фарм и Рио кафе, кои ја покажаа грижата за екологијата преку донирање на овие садници.