Есма Реџепова, позната македонска пејачка и хуманистка родена е во сиромашно семејство во Скопје. Со своите незаборавни хитови на новосоздадени и народни песни, нарекувана е Кралица на ромската музика во светски рамки.
Почина на 11 декември 2016 година, во Скопје.
За долгогодишната работа на музиката и песната и исполнувањето на критериумите на СОКОЈ е прогласена за истакнат естраден уметник и е единствената која во оваа категорија наградата ја добива според заслугите, а не според работниот стаж. Во 1976 година на првиот “Фестивал на Ромска музика и песна” што се одржува во Чандигар, Индија е официјално прогласена за кралица на ромската песна.
Во 1992 година на големата западно – европска турнеја е прогласена за “Примадона на европското пеење” и е единствен фолк пеач носител на оваа награда.
Покрај овие Есма Реџепова – Теодосиевска е добитник и носител и на повеќе други награди, помеѓу кои:
– Октомвриска награда на Југославија;
– Сребрен и златен медал од Претседателот на СФРЈ, Јосип Броз Тито;
– Сребрен медал од Црвениот крст на Црна Гора;
– Златен медал за хуманист во Босна и Херцеговина;
– Златен медал на Црвен крст на Југославија;
– Награда на УНИЦЕФ на Југославија; – Награда за животно дело на Србија и Црна Гора;
– Златен медал “22 декември”, Југославија;
– 1997 година, Најхумана жена во Македонија;
– 2000 година, Ромска пејачка на Милениумот, на фестивалот на Ромската култура” во Москва, Руска Федерација
– 2000 година, Златен медал на “Светскиот биографски институт” од САД;
– 2001 година, “Златна Бубамара” за животно дело;
– 2003 година, Печат на жена на годината;
– 2004 година, Награда “13 за Најуспешните”
– 2005 година, “Бјорнсова награда”, за најхумана жена и за залагање за правата на ромите.
Во два наврати била номинирана за Нобелова награда за мир, а добила и голем број на други награди и признанија.
Во 2006 година склучува договор за соработка со нашата продукциска куќа МИСТЕР КОМПАНИ, а како резултат на тоа ова е првиот албум за оваа компанија под наслов “Чекај животе“.