Кирил Манчевски е роден на 8 ноември 1936 година во селото Броштица, Дебарско.
Кирил Манчевски ги пее македонските музички бисери, во неговиот репертоар доминантно место имаат градските, лирските, печалбарските, патриотските и други песни
. Гостувајќи со разни македонски фолклорни ансамбли, тој пред домашната и светската јавност ги презентира едни од најубавите песни на богатата македонска фолклорна музичка ризница.
„Девојче тенко, високо“,„Изникнало криво крушче медено“,„Кога си тргнав в туѓина“,„Лино моме Севдалино“,„Ајде сонце зајде“,„Абер дојде Донке“,„Бог да убие дебрани“,„Запеј песна Македонко“, и многу други.
Легендата на македонската народна музика Кирил Манчевски во текот на својата кариера изгради единствен интерпретаторски стил .Неговиот префинет неповторлив глас, преполн со емоции, едноставно го хипнотизира слушателот.
Кирил Манчевски настапува како солист или во дует, особено со Виолета Томовска.
Kирил почина на 8 август 1975 година во Скопје. Кирил ќе остане запишан како еден од великаните на градската, лирска и елегична Македонска народна песна. |