Учесници во Илинденското Востание на борци од четата на Васил Аџаларски

0
259

Спасе Шиндар, роден е 1870 година во Драчево, починал во февруари1954 година.

 Закопан е во селските гробишта во Драчево и денес му е зачуван гробот.

 Поради неговата активност за национално ослободување на Македонија ,често бил прогонуван ,суден и осудуван. , најмногу одлежал во затворот  во Лепа Глава 8,5 години во иста ќелија со Моша Пијаде.

Спасе Шиндар бил член на четата на Васил Аџаларски, а покрај тоа нив ги врзувало и кумството, родот на Спасе биле кумови на  на Васил Аџаларски.

ЧЕТА НА ВАСИЛ АЏАЛАРСКИ ,ЗАОКРУЖЕНИОТ СО ЦРВЕНО СПАСЕ ШИНДАР, ВАСИЛ ВО СРЕДИНА ДОЛЕ НА СЛИКАТА

Во четата на Васил, Спасе бил пунктов началник во денешно време кординатор за регрутирање на комити и јатаци во скопската околиска област, во која учествувале борци од Скопје и селата од скопска блатија.

Според кажувањата во четата на Васил покрај Спасе  биле и Блажо Павлевски и Велко Грчки од Драчево ,Ѓорѓија Пиличковски од Белимбегово,денес Илинден ,.Цветан Златанов од Бунарџик, Стојче Тргачевски од Кадино и други.

За неговото учество и  придонес во Илинденското Востание  Спасе има добиено  Илинденска споменица .

Во јануари 1953 година државата на Спасе Шиндар му доделила Илинденска пензија.

 Според кажувањата на Спасе Шиндар, Васил Аџаларски бил убиен  во четврток пред неговата свадба, што требало да се одржи во неделата.

Сведок на убиството бил лично и Спасе кој бил во домот на Васил ,во моментот кога се чуло тропање на портата на Васил, Спасе му се обратил,  Василе, чекај јас ќе отворам не знаеш кој е, а ти треба свадба да правиш.

На тоа  Васил се спротиставил и не дозволил, при што  рекол дека во моја куќа и  само јас отварам порта, но за жал само што е отворил портата Васил бил убиен на прагот од куќата

Инаку,Илинденскиот коњички марш на коњаницата од Горно Лисиче започнал да се одвива по  патеката по која Спасе Шиндар отишол во Крушево ( патеката преку Брезница и Здуње ).

Денес патеката е изменета  и се одвива преку Богомила заради изградба на езерото Козјак. . (Податокци од Илчо Шиндар Крстевски,потомок наа Спасе Шиндер)

Претходниот артикал,Јован Ангеловски-фудбал
Следната статија*8 август 1943 г. родена е Есма Реџепова

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука