*10 август 1903 година,загина Јордан Пиперката во село Цер, но вечното почивалиште на војводата се наоѓа во село Велмевци од каде што самиот велел, ќе може да го гледа целото церско поле и демирхисарско, каде што биле и неговите најголеми опрации.Јордан Сиљанов-Пиперката беше една од стожерните фигури од илинденскиот период. Со својата храброст и организациски способности, беше пример и за останатите учесници во Илинденското востание и потоа. Тој ќе остане како еден од најсветлите примери од илинденската епопеја и показ како секој треба да ја брани својата земја.
