*1 јули е Меѓународен ден на архитектурата и Ден на архитектите на Република Македонија
*1 јули 1990 година, Елизабета Павловска ,постигна рекорд во седмобој во Љубљана освојувајќи 4574 поени.
Елизабета Павловска –Атлетичарка
Родена во с. Миладиновци-Илинден.
Каде и го заврши основното образование и ги направи прите атлетски чекори во ООУ „Браќа Миладиновци“-Миладиновци.
Таа со постигнатото во Атлетиката и како преставник во многу меѓународни настапи за државната репрезентација ,може да го понесе епитетот најуспешен атлетичар од нашата средина.
Станала членка на македонската и на југословенската атлетска репрезентација во дисциплината трчање на 100 м со пречки.
Како југословенска репрезентативка настапувала на повеќе меѓународни атлетски натпревари од 1990 до 1994 година.
На Европското јуниорско првенство во Солун во 1991 година го освоила третото место, на меѓународниот митинг во Софија во 1992 година четвртото место, во 1993 година на државното отворено првенство на СР Југославијиа го освоила првото место, а во 1994 година настапи на Европското првенство во Хелсинки.
Истата година, на атлетскиот митинг во Софија постигна време од 13,36.

*1 јули 1909 роден е Никола Парапунов – тој е македонски револуционер, истакнат организатор и раководител на партизанското антифашистичко движење во Пиринскиот дел на Македонија. Во 1933 година бил уапсен и осуден на 15 години затвор. Во затворот раководел кружоци и држел предавања за националното прашање, посебно за македонското. Никола Парапунов бил во затвор се до 1941 година. По излегувањето од затвор, преминал во илегала и станал еден од првите партизани во Пиринскиот дел на Македонија. На 26 јули 1941 година тој ја организирал Разлошката партизанска чета, првата вооружена партизанска формација во Бугарија. . Никола Парапунов загинал на 9 декември 1943 година во заседа од бугарската војска и полиција кај селото Бараково, по патот за Горна Џумаја.
*1 јули 1913г. во Скопје се доселиле 22 семејства од Кукуш ,побегнале од грчкиот терор по палењето на Кукуш.
*1 јули 1917г.Во Скопје се одржале големи протести против извршената реквизиција на земјоделски култури во скопската околија што ги спровела бугарската власт.

*1 Јули 1938 – Во пробен погон беше пуштена хидроелектричната централа “Матка” на Треска кај Скопје. Оваа ХЕЦ (5,600 киловати) беше изградена за да обезбеди снабдување на градот и индустриските погони во него со електрична струја. Езерото Матка, кое ја снабдува ХЕЦ со вода, е долго шест километри и широко 40 метри.
* 1 јули 1939 роден е Паскал
Гилевски — македонски поет.

* 1 јули 1941,роден е Симеон Гугуловски — македонски оперски пејач. Како исклучителна личност , воодушевувачки вокал, кој ,,земјата ја тресе“ како што зборуваат неговите современици, беше тенерот Симеон Гулгулоски. Трениран глас, со познавање на музика ,со чувсто и со особена интерпретација и сценски настап. Глас кој беше омилен меѓу сите генерации, глас кој не остава никого рамнодушен.Симеон Гугулоски потекнува од галичко печалбарско семејство и поради тоа беше роден на 1 јуни 1941 година во Солун.Живеше во Софија, Скопје , Белград и по некоја судбина умире во Софија на 13 август 1995 година.
* 1 јули 1967 ,роден е Тони Михајловски — македонски татарски, филмски и телевизиски глумец, водител и шоумен.
*1 јули 1993.- Малезија ја призна Република Македонија.
*1 јули 1993.- Македонските железници станаа рамноправна членка на Меѓународната унија на железниците (УИЦ).

*1 јули 2001 година за младиот војник БЛАШКО ТОЛЕВ (†21)од с. Марена -Кавадарци,. По отслужувањето на воениот рок, 21-годишниот Толев не се вратил во родното село, туку останал да ја брани татковината. Загина во напад на тетовското Кале.
*1 јули 2004 ,починал Тодор Скаловски — македонски композитор.
* 1 јули 2008,починал Живко Стефановски — македонски функционер, писател, новинар и публицист.