Легендата за Дојранско езеро.

0
172

Во градот имало една убава мома што се викала Дојрана. Таа била заљубена во овчарчето Лабин. Еден ден на сред град се виело оро каде биле собрани сите моми и ергени. Тука била и Дојрана со Лабин. Во тој момент доаѓа Џемо-арамбашата, кој откако ја здогледал убавата Дојрана, ја грабнува, а Лабин тешко го ранува со сабјата. Дојрана од големата лутина и омраза кон Џемо скокнала од коњот на Џемо и се стрчала накај Лабин. Иако ранет, таа успева да го довлечка до езерските води и за да не бидат заробени од Џемо, се дават во езерото. Од тој трагичен настан, езерото според легендата се нарекува по името на Дојрана, Дојранско Езеро, а градот го добил името Дојран.

Претходниот артикал,НА ДЕНЕШЕН ДЕН-27 МАРТ
Следната статијаБеќари од Илинден во 50-те години

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука