НА ДЕНЕШЕН ДЕН -1 МАЈ

0
80

 -1 мај 1942 година во атарот на село Поткамен, кај Чајниче, Босна и Херцеговина, загина Киро ДИМИТРОВСКИ-Дандаро.  Бил  активност во прокомунистичките синдикати,затоа бил уапсен на 5/6 септември 1940 г. и осуден на 13 декември 1940 г., Бранител во судскиот процес му бил д-р Иван Рибар. Затворската казна ја издржувал во затворите Главњача и Ада Циганлија и во Казнениот завод во Сремска Митровица, од каде што успеал да избега преку подземен тунел на 21/22 август 1941 г. и станал борец на Фрушкогорскиот партизански одред од неговото формирање на 9 септември 1941 г. Работел како типограф во печатницата на централниот печатен орган на КПЈ, весникот “Борба” во слободното Ужице во октомври 1941 г.  Потоа бил политички комесар на Првата чета на Петтиот шумадиски баталјон на Втората пролетерска бригада на НОВ и ПОЈ. Загинал во борба против италијанските окупаторски сили. По Ослободувањето, на 18 мај 1948 г. неговите посмртни останки биле пренесени и закопани во Битола, а тогаш основаната битолска печатница била именувана со неговото име.  Роден бил во Битола на 5 мај 1912 г. 

1 мај  е  Меѓународен ден на трудот.1 мај 1886.- Во Чикаго, САД, избувна штрајк на околу 40.000 работници кои истапија со барањето за осумчасовен работен ден. На Првиот конгрес на Втората интернационала, што се одржа во Париз, во 1889 година беше решено секоја година на 1 мај, во знак на сеќавање на чикашките работници, да се одржуваат масовни демонстрации. Од 1890 година 1 мај се слави не само во знак на борбата за осумчасовен работен ден, туку како манифестација на класната солидарност на работничката класа во целиот све

-1 мај 1898г.за прв пат е прославен 1 МАЈ во Скопје,Штип и Битола.

-1 мај 1903 година (нов стил) е ден кога е извршена последната акција во „Солунските атентати“. Тогаш е нападната телеграфската станица во Солун.
На фотографијата е Костадин Кирков (1882 – 1 мај 1903), извршителот на нападот при кој тогаш и погинува.

1 мај 1944.- Во злогласниот затвор “Хајдари” во непосредна близина на Атина, германските фашисти стрелаа 200 истакнати македонски и грчки комунисти, меѓу кои и Трифун Хаџијанев, македонски револуционер и борец за остварување на национална и социјална слобода на македонскиот народ. Хаџијанев е роден во Воден, Егејска Македонија, во 1890 година

-1 мај 1945 година, по иницијатива и со помош на Армијата, е одржан првиот атлетски настан во Скопје на кој учествувале првите носители на атлетските настани во тоа време: Лазо Милошевски, Бистрица Крањец, Славко Матовски, Мемо Сулејманов, Петко Митревски, Ристо Бајалски, Стеван Демирев, Наталија Шошкиќ, а нешто подоцна се приклучиле и Андреа Герасимовски, Лидија Славковска, Вера Шекеринова, Зага Иванова и др

-1 мај 1955.– Роден е г.г. Стефан, поглавар на МПЦ-ОА. Неговата полна титула е Архиепископ Охридски и Македонски и Митрополит Скопски. Тој е роден како Стојан Вељановски во с. Добрушово, Битолско. Во 1969 г. се запишал на Македонска православна богословија „Св. Климент Охридски“ во Скопје и завршил во 1974 година. Истата година се запишал на Теолошкиот факултет во Белград каде дипломирал во 1979 година. По неговото враќање Синодот на МПЦ го назначил за учител во Македонската првославна богословија „Св. Климент Охридски“. Во 1980 година се запишал на постдипломски студии во Институтот „Св. Никола“ во Бари. Во 1982 година дипломирал на институтот. Тој се замонашил во манастирот „Св. Наум“ во Охрид на 3 јули 1986, на 12 јули бил именуван Митрополит Струмички, а кратко по тоа именуван за поглавар на Брегалничката епархија. Во наредните години работел како декан на Богословскиот факултет во Скопје, портпарол на Светиот архиерејски синод, како главен уредник на црковниот весник „Црковен Живот“ и главен секретар на Архиепископот Охридски и Македонски. Во Охрид од 9-10 октомври 1999 година на Црковното национално собрание (составено од духовни и световни членови) бил избран за поглавар на Макеоднската православна црква.

-1 мај1991.- Во Македонската радио телевизија почна емитувањето на Музичкото радио – Канал 103. Тоа е првата и единствена алтернативна и некомерцијална медиумска појава во македонскиот етер. Многу македонски групи и артисти, своите почетоци во медиумската промоција ги имаа токму на Канал 103, а и своите први живи настапи ги имаа на некои од многуте концертни активности, што ова радио ги има организирано

1 мај 2015.- На 93-годишна возраст во Битола, почина доајенот на битолското и македонското новинарство Димитар Димитровски – Такец. Новинарот, поет и писател познат во јавноста како Такецот, најголем дел од кариерата ја мина во Нова Македонија, Битолски весник и Радио Битола. Неговото последно авторско дело беше посветено на битолски Широк Сокак, а својот потпис го ставил и на бројни публикации.

Претходниот артикал,Први мај-Ден на трудот.
Следната статијаНА ДЕНЕШЕН ДЕН-2 МАЈ

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука