-10 април 1942 година,во Битола загина Вангел Наумов ТОДОРОВСКИ-Мајорот, припадник на македонското националноослободително и комунистичко движење и учесник во Антифашистичката војна во Вардарскиот дел на Македонија. По професија бил берберски работник. Роден бил Битола во 1920 г. Како раководител на берберските работници, бил активист на прокомунистичките синдикати, бил активист на југословенската комунистичка младинска организација СКОЈ во Битола, а од 1940 г. бил член на Комунистичката партија на Југославија (КПЈ). Поради комунистичката дејност, повеќе пати бил апсен и затворан од српската полиција. По бугарската фашистичка окупација на Македонија се илегализирал и работел во партиската техника на Месниот комитет на КПЈ во Битола. При обид од бугарските власти да го уапсат, го убил полицискиот началник Петар Стојчев, по што, за да не падне жив во непријателски раце, се самоубил. Прогласен бил за народен херој на Југославија на 2 август 1952 г.
10 април 1928 ,роден е Анатоли Дамјановски — македонски педагог и професор .
-10 април 1934,роден е Михо Атанасовски — македонски поет.
-10 април 1914 година, регрути од Повардарието во касарната во Крагуевац откажале да положат воена заклетва на Престолонаследникот на Србија – Александар Караѓорѓевиќ и биле репресирани од Српските власти.
-10 април 1948 ,роден е Јован Јосифовски — македонски правник.

-10 април 1948.- Започна изградбата на хидроцентралите “Маврово”.

-10 април 1964.- Во Скопје умре Лазар Личеноски, македонски сликар. Се смета за еден од втемелувачите на ликовниот живот во Македонија. Тој е еден од најавтентичните сликари на македонскиот пејзаж (“Бачила”, “Долап”, “Афионски полиња”, “Охридски рибари”), во кој внесува и фоклорни елементи. Сликаше и мртва природа, портрети и мозаици. Роден е во Галичник, на 26 март 1901 година.

-10 април 1974,роден е Гоце Седловски — македонски фудбалер.
-10 април 2010.- Во близина на Смоленск се урна авионот на полскиот претседател „Тупољев“ 154. Во несреќата загинаа полскиот претседател Лех Качински и 95 патници, меѓу кои и голем број полски владини претставници. Полската делегација требаше да присуствува на комеморација на илјадниците полски офицери, воени заробеници, кои пред 70 години беа убиени во Катинската шума од страна на советската тајна полиција.

-10 април 2011г. во Охрид пуштен е во уптреба реконструктираниот Аеродром „Св.Апостол Павле“