Скопска Црна Гора(БАРА)

0
98

 Планината е средно висока  се издига над Градот Скопје во северниот дел на Македонија. На неа се распослани повеќе од 20-на  села ,многу манастири и цркви.

Сите имиња на планината:

Скопска Црна Гора, се  смета дека за првпат била спомената во XIII век кога бугарскиот цар Константин Асен ги оставил селата во својата задужбина, потоа Црна Гора повторно се споменува во 1300 г., во повелбата на кралот Милутин во црквата Свети Ѓорѓи во Скопје.

– Света Гора, поради присуството на голем број цркви и манастири,може да се сретне и ова име.

КараДаг,име откако турците го зазеле Скопје, овој израз сè уште може да се најде во употреба до ден денес.

Во селата од скопска блатија најпозната е под името „БАРА“

-Во народот сеуште се прикажува од каде планината го добила името „БАРА“.

Според кажувањата во нејзиниот повисок дел постоело селото „БАРА“.

Селаните од тоа село биле многу лоши луѓе и правеле големи штети на подолните села како:Црешево,Виниче,Смилковци,Булачани,Раштак и други.

Секој сточар или дрвар што ќе отишол во планината повеЌе не се враќал,стоката му била земена ,а сточарот убиен .

Неможејќи да го истрпат повеќе ова, еден ден селаните од овие села се собрале отишле и го уништиле селото „БАРА“до темел,а според кажувања сеуште можат да се видат траги од селото.

Од тогаш оваа планина во нашата средина оваа планина ја знаат како „БАРА“и во мѓусебната комуникација за неа се употребува името „БАРА.“

Претходниот артикал,НА ДЕНЕШЕН ДЕН-9 АПРИЛ
Следната статијаНА ДЕНЕШЕН ДЕН-10 АПРИЛ

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука