НА ДЕНЕШЕН ДЕН-11 МАЈ

0
118

                                 

-11 мај 1929 ,во с. Кожле -Скопје роден е Гане Тодоровски ,Македонски поет, преведувач, професор, есеист, книжевен критичар, историчар и публицист,академики др..Во 1951 година станува член на Друштвото нa писателите на Македонија, а во два наврати (1969-1971 и 1985-1986) е и негов претседател. Бил претседател и на Советот на Струшките вечери на поезијата (1970-1971) и одговорен уредник на списанието „Млада литература“. Член е на МАНУ од 1997 година.Во 1990 година Тодоровски е избран за прв претседател на Движењето за семакедонска акција МААК. Подоцна е назначен за прв амбасадор на Република Македонија во Руската Федерација. Починал на 22 мај 2010 година. Закопан е во црквата „Свети Спас“ во скопското село Кожле.

-11 мај 483 година.,на оддалеченост од 20 –тина километри од Скопје (ТАОР)се родил  Јустинијан Први,  еден од најважните владетели на Источното римско царство, според некои, можеби и најважниот, особено поради неговиот придонес кој се рефлектирал и во модерното време. Јустинијан I ,голем цар на Византија, познат по своите закони, на кои и денес се темели правото во голем дел од светот Починал во престолнината, Константинопол, на 14 номеври 565 година

 –11 мај 330.- Константинопол (сегашен Истанбул) стана нова престолнина на Римското царство. Градот е наречен Константинопол според името на царот Константин Први Велики.

-11 мај 1903 година  заедно со целата своја чета во борба со турскиот аскер во близина на село Дедино (Радовишко)загинал  КОСТАДИН (КОСТА) МАЗНЕЈКОВ – УЧИТЕЛ , МАКЕДОНСКИ РЕВОЛУЦИОНЕР , ВОЈВОДА , ЧЛЕН НА МРО . Костадин (Коста) Мазнејков е роден во 1882 година во Струмица , во семејството на Димитар и Катерина Мазнејкови . Костадин се школувал во Струмица и Скопје , а потоа учителствувал во селата Робово и Добрејци .
Уште на млади години влегува во редовите на Македонската Револуционерна Организација во која бил вклучен и неговиот постар брат Васил .Костадин во соработка со Гоце Делчев ги организираат тајните канали за пренесување оружје и ги зацврстуваат месните организации . Организирал многу терористички акции и е учесник во една од најголемите битки во источна Македонија , БИТКАТА на ГОТЕН таканаречена КРВАВИОТ ВЕЛИГДЕН .

-11 мај 2002.- Во Прилеп е промовирана Фондацијата на македонски јазик “Небрегово”, Целта на Фондацијата е да ја запознава македонската јавност со големото книжевно наследство на македонскиот писател и академик Блаже Конески.

-11 мај 2003г.–  Починал Кирил Ќортошев – македонски филмски, театарски и телевизиски актер и режисер. Ќортошев е роден во 1923 година во Ќустендил, Бугарија.  Од октомври 1945 година станал член на Македонскиот народен театар, каде што, со прекини, поминал 32 години професионален ангажман. Дел од артистичката кариера ја поминал и во Драмскиот театар. Во 1965 година ја добил наградата„13 Ноември“ што ја доделува градот Скопје. Потоа следувале награда за најдобро актерско остварување на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ за улогата на Тате во претставата Макавејските празници и Награда за животно дело на МТФ „Војдан Чернодрински“, 1996. Ќортошев ќе остане запаметен по низа театарски креации, подеднакво добар во широк дијапазон на улоги – од комедии до трагедии, но и како режисер на повеќе театарски претстави

Претходниот артикал,„ЏИКОВЦИ“-ИЛИНДЕН
Следната статијаСвадба на Димитрија и Јагода-1974

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука