Илина се закити со Бронзен Медал

0
37

Нашите млади ИЛИНДЕНКИ -МАКЕДОНКИ ,сестрите Илина и Ева Соколовски,  нижат успеси низ Германија во ритмичка гимнастика.

Илина 16 години во Бундес лигата, по долгата пауза уште на самиот старт на натпреварувањето кое неодамна  започна, се закити со бронза.

Таа изминатиот  викенд настапи и освои високи поени,но за малку не го освои второто место(среброто) ,туку се задоволи и со третото(бонзата) ,како што изјави нејзиниот татко Горан.

Нејзината помала сестра Ева 12г., исто така се движи по нагорна линија  со своите успешни настапи , но поради возраста сеуште не настапува на најголемите натпреварувања во Германија и набрзо се очекува и таа да стане дел од нив.

 Нивната голема љубов кон татковината од каде што потекнуваат ,Македонија  длабоко им се врежала во нивните срца ,така што боите на Германија го бранат со македонски пасош.

Илина и Ева веќе се подготвуваат за наредниот месец во Леверкузен, каде ќе се натпревруваат во нивните категории. И, секако, како што е вообичаено, ќе се закитат со некој медал.

Претходниот артикал,Петар Тајановски-фудбалер- во У-16
Следната статијаБРАТУЧЕДИ

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука