*11 ноември 2001г. при обезбедување на ископувањето на масовната гробница кај Требош, Тетовско, подмолно и кукавички од заседа беа убиени тројца Бранители:
– ДРАГО МАНЕВСКИ (†35) од с. Марино, Скопско. Тагува семејството Маневски по својот домаќин, татко и син бранител на својата татковина. Село Требош, Тетовско беше последното место по кое шеташе и бдееше Драго, носејќи ги во своите мисли ќерките И. и А., на тогаш 11 и 4 годишна возраст коии останаа грижа на сопругата Соња. Загина во 35 година од животот кој колку и да беше суров и неизвесен сепак секој го минуваше според сопствените услови. На 11 ноември 2001 година судбината сакаше родителите Станојко и Милевка од с. Марино да ја слушнат трагичната вест – загина Драго и за да вечно сведочи колку е сурова вистината и колку е скапа слободата.

– БОБАН ТРПКОВ (†33) од Драчево, Скопско. Драчевци ќе го паметат својот Бобан по насмевката и веселиот дух со кој ги освојуваше врсниците и сограѓаните. Каде и да беше, со неизмерна среќа се враќаше дома, да биде со своите ќерки, тогаш 5 годишната Р. и едногодишната Ј., чии насмевки го радуваа и го чинеа посебно среќен со сопругата Силвана. Со своите 33 години живот, премалку за едно векување насилно прекинато, Трпков се нареди меѓу македонските бранители и жртви на албанскиот тероризам.

– ОЛИВЕР ПЕТРУШЕВСКИ (†23) од Куманово. Врели се солзите на сестрата по својот брат Оливер. Немаше крај на муабетите и доверувањата што меѓу себе ги имаа братот и сестрата. Која ја наполни 23 година од животот, ги побара егзистенцијата и сопствениот пат во иднината. Го прифати повикот и се стави во служба на својот народ и земја. Згасна невоиот живот за да спомените вечно траат. Надгробната плоча, ќе потсетува и ќе сведочи за проклетството на војната . Кумановецот Оливер Петрушевски ја вгради својата младост и живот во земјата во која се роди и која верно ја сакаше.!

* На 11-от ден, 11-от месец, во 11 часот во 1918 година,заврши Првата светска војна.

* 11 ноември 1919.- Во Тетово е роден Ѓоце Стојчевски – Амбарче, народен херој на Југославија, од Македонија. Загина во борите против албанските балисти во селото Беличица, Гостиварско, на 19 септември 1944 година.

* 11 ноември 1934г. роден е Благоја Видиниќ-Фудбалер,голман на скопски Вардар ,Раднички од Белград ,државната репреентација на Југослвија.Мароко и Заир му дадоа посебно место во нивната историја ,Париз го овенча со златна круна,за најдобар голман на стариот континент,Мелбурн со венец од сребрени гранчиња и на крајот Рим му стави златен венец ,кој имаше чест да го носи само брсмртниот и семоќен ЗЕВС. Тој е прв македонски спортист учесник на олимписките игри и носител на сребрен и златен трофеј од олимписките игри.Интересно за нас од Илинден е и тоа што поголемиот дел од неговиот род од Кучевиште , доселен е во Илинден и тука живее од 1921г.

* 11 ноември 1934 година е отворен првиот скијачко –планинарски дом Попова Шапка

* 11 ноември 1943.- Во селото Сливово, Охридско, формирана е Првата македонско-косовска НОУ бригада. Таа беше формирана од НОП баталјон “Мирче Ацев”, Кичевскиот баталјон, Првиот косовски баталјон “Рамиз Садику”, Вториот косовски баталјон “Борис Вукмировиќ” и од четата на придружните баталјони на Главниот штаб на Македонија. При формирањето имаше 700 борци и го доби називот ударна.

* 11 ноември 1943 г. во селото Винени, Леринско, Егејски дел на Македонија, е формиран НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛНИОТ БАТАЛЈОН „СТИВ НАУМОВ“. Бил формиран од делови на Битолскиот партизански одред “Гоце Делчев” и Партизанскиот одред “Даме Груев”. Штабот на баталјонот при формирањето бил составен од: командант и заменик-командант Васко Карангелевски, политички-комесар Ѓоре Велковски-Коста, заменик-политички комесар Илија Спировски-Панде.

* 11 ноември 1944.- Ослободено е Куманово.

* 11 ноември 1944.- Во Гостивар, во центарот на градот, албанските балисти стрелаа шестмина македонски патриоти: Киро Ристовски – Дрнц од Тетово, Васил Пејчиновски од Горна Бањица, Баренко Георгиевски и Изре Зафировски од Долна Бањица, Сократ Павловски од Гостивар и Павле Петрески од Балин Дол, Гостиварско.

*11 ноември 1944 год. 42та дивизија се приближиле кон Каршијак и почнале со напади на надворешната германска одбрана на Скопје. Третата македонска ударна бригада со главните сили напаѓала преку селото Сопиште на Кисела Вода, а другиот баталјон во реонот на Лисиче. Дванаесеттата бригада со главните сили напаѓала на Крстовар, еден баталјон напаѓал на Бел Камен и со тоа до доцна вечерта македонските партизани успеале да завладеат целата линија Лисиче-Кисела Вода-Крстовар-Бел Камен. 50та дивизија и 8та бригада на 42та дивизија, истиот ден извршиле напад на реката Пчиња, го зазеле Катланово, каде Германците успеале да го срушат мостот на реката. Македонските партизани до ноќта пробиле до селата Петровец – Катланово, спремни да го продолжат ослободителниот марш кон градот Скопје.

* 11 ноември 1963.- Во Скопје излезе од печат првиот број на првиот вечерен катадневен информативен весник„ Вечер”.. Првиот број е отпечатен на 16 страници. Во првиот број на ВЕЧЕР се објавени вкупно 82 текста и 31 фотографија. Првиот новинарски состав беше составен од 35-мина вработени. Низ весникот поминаа генерации и генерации новинари.

* 11 ноември 1990.- Во СР Македонија се одржаа првите слободни повеќепартиски избори.
* 11 ноември1995.- Во Брисел, шеснаесетте земји-членки на Алијансата му дадоа “зелено светло” на предлогот на Политичкиот комитет, Република Македонија, да биде 27-ма потписничка на програмата “Партнерство за мир”.
* 11 ноември1998.- Во Скопје, во црквата „Света Петка“ е отворена првата (црковна) народна кујна.

* 11 ноември 2007 ,почина Ристо Гелевски првиот полициски генерал. Во 2001 година беше назначен за прв човек на македонската полиција, а за неговите заслуги во работењето му беше доделен чинот генерал на полиција.До последниот ден тој работеше на функцијата помошник-министер на Секторот за Европска унија при Министерството за внатрешни работи. Галевски во текот на својот работен век извршуваше повеќе значајни функции. Починува ненајдено на 50-годишна возраст на 11 ноември 2007 во Скопје.