„АЏИЕВЦИ“- Илинден

0
434


Аџиевци ,се сметаат за најстара галабија во Илинден. Според кажувањата на (Петре Аџиевски 90 години во 2011година) ,Аџиевци пред да се доселат на денешната локоција во Илинден, живееле во село на Требеши или Барутници, кое било уништено во австро-турската војна.

 По разурнувањето на селото на Требеши, Аџиевци се преселиле во Лисиче ,а по извесно веме се преселиле на денешнава локација на Илинден и фактички го формирале поранешно с.Белимбегово,на денешнава локација.

Инаку порано живеалиштата на тукашното население не билa на денешнава локација,туку се протегала на потегот од меснота Барбарово-Требеши- Беско Ливадче-Врпче до Џабиица.

 Називот на галабијата Аџиевци(порано, Голомејовци)потекнува од некој нивен предок, кој, бил на аџилак.По неговото враќањето од аџилак,со себе ја донел иконата со ликот на цар Константин и царица Елена. Затоа и сите верски обреди и крштевки на децата, до изградбата на селската црква, се обавувале во нивната семејна куќа.

Едно време, според кажувањата, тие доста се збогатиле. Богатството, според едни, го стекнале од полниот товар на злато со која била натоварена една маска, која, откако се издвоила од каравнот што поминувал во близина на селото, залутала во нивниот двор.

 А ,спрема други кажувања, богатството го спечалил и испратил кај нив некој нивен предок на работа во Америка. Затоа, како поимотно семејство, изградиле една чешма на ридот во месноста Вршник, а при крајот на турското владеење, откупиле голем имот земја, имале и броен крупен и ситен добиток.

 Најстариот предок за кој тие знаат бил Николе (1862-1916). Тој имал три сина: Цветко (1880-1918), Миле (1903-1941) и Јаким.
Цветко имал еден син по име Блажо, кој, пак, имал три сина: Борис, Славе и Петре и четири  ќерки Пандура, Орданка,Васа и Цвета

Свадба во АЏИЕВЦИ ,прв на орото ДИМЧЕ

-Славе,имал  син Димче и ќерки Љубица и Марица

 Димче,син на Славе  имал два сина Зоран и Драган и ќерка Виолета.

Драган,син на Димче  има две деца

Борис и Ангелина


-Борис имал три сина Трпе,Велче и Митре и две  ќерки Верка и Ратка.
Трпе,син на Борис имал три деца син Стојанче и две ќерки Марина и  Звездана.

Стојанче,син на Трпе има два сина Даниел и Мартин.

Марина,ќерка на Трпе е омажена во Марино и има две деца Бобан и Анкица.

Бобан, син на Марина има ќерка Емануела

Анкица,ќерка на Марина има  деца Вероника и Меланија

 Звездана,ќерка на Трпе е омажена во Сингелиќ и има три деца Алесандар,Перо и Трпе.

Александар,син на Звездана има две деца Марко и Јана.

Перо, син на Звездана  има две деца Ива и Јован.

Велче,син на Борис  има син Саше и ќерка Светлана

Саше,син на Велче има две деца, Бојана и Дамјан

Светлана,ќерка на Велче е омажена во Трубарево и има два сина Борче и Бојан

 Митре,син на Борис  има два сина Игор и Дејан.

Дејан,син на Митре има ќерка Михаела.

Верка,ќерка на Борис омажена за Драги во Дончевци

-Славе,имал  син Димче и ќерки Љубица и Марица

 Димче,син на Славе  имал два сина Зоран и Драган и ќерка Билјана.

Драган,син на Димче  има две деца


-Петре, син на Блажо  имал три ќерки Ленка ,Нада и Олгица и син, Благоја.

Благоја,син на Петре има две деца Ана и Јовица.

-*Миле имал еден син Алексо, а тој, исто така, еден син Анто.

 Анто,син на Алексо имал син Аце и ќерки Орданка, Вера и Петра

Орданка има две деца Љупчо и Анета

Вера има две деца Наташа и Коста.

Петра има две деца Горан и Даниела .

Аце,син на Анто имал два сина Горан и Тони..

Свадба на Аце и Лоза ,на сликата се и свекорот Анто,свекрвата Драга и Орданка ,сестра на Аце

-Јаким имал еден син Трипун, а тој два сина Страхил и Трајче и две ќерки Деса и Веса.
Страхил имал три деца Зорка,Љубинка и Баже.

Денес оваа семејна лоза ја продолжува семејството на Трајче,односно семејството на синот на Трајче ,Васко .
Инаку оваа галабија турците ја сметале за лојална на турските власти ,тоа го поткрепувале со фактот што од нивна фамилија немало ниеден учесник во комитското движење. Сметајќи ги за лојални ,турците дозволиле еден нивен предок да оди на Аџилак, по што го добиле и името на галабијата.
По кажувањата на постарите жители( Петре Аџиевски и Јован Костадинов,Санде Дончевски и други)нивната не ангажираност во комитското движење, било направено во договор со „главните“на комитското движење , со цел турците да не се посомневат во нив.
А, во ствари кај нив во „големата соба“се одржувале комитски средби и состаноци , во ноќните часови се пречекувале комитските чети, тука биле нахранети преоблечени и се што им било потребно.
Како позначајна фамилија, нивната куќа често била посетувана од турските патроли, целта на патролите била да дознаат каква е состојбата во село.При ваквите посети од патролите секогаш кон домаќините било упатувано прашањето „дали е чисто“што значело дали во селото има комити и секогаш од нивна страна им се возвраќало со „чисто е“(нема комити)
Денес во Населба Илинден од оваа галабија има 10 куќи, а во Скопје се отселени две фамилии.

Денес, наследниците на оваа галабија ги користат следните презимиња: Николовски, Цветковски и Милевски. Куќна слава им е „Св. Архангел“.

***************************************************************************

НАПОМЕНА : Објавата е создадена според усни кажувања, можни се евентуални грешки или недостатоци.

 На Ваше  укажување со факти истите ќе бидат  корегирани, дополнети или отсранети .

Контакт преку порака или коментар,благодариме на разбирањето и соработката.

***************************************************************************

Претходниот артикал,На денешен ден-28 Октомври
Следната статијаНа денешен ден-29 Октомври

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука