-9 април 1873.- Од Солун во Велес пристигна првиот воз,a Велешката железничка станица е најстарата во Македонија. Чудото од парна локомотива, која чурела и стигнала пред маса народ , кај повеќето велешани тогаш предизвикала радост, кај некои и страв од големата железна машина, иако таа повеќе ползела отколку што возела. Но, го растурила бизнисот на сплаварење до Солун или со карвани со коњи, како што дотогаш се пренесувала стоката која велешките трговци ја продавале на Запад. Според пишаните документи, брзина на патничките и мешаните возови во тоа време била 35 и 30 км на час, а таа на товарните возови била утврдена на 30 и 25 км на час. Во 1886 возењето станало побрзо, така што просечната брзина веќе можела да достигне 40 км на час.По тој повод Работничкиот совет на Македонските железници на 8 април 1994 година усвои одлука со која 9 Април го прогласи за Ден на македонските железничари.

-9 април, 1909г.е Денот на македонскиот фудбал, тогаш на Велигден, група турски војници и офицери на школување во западноевропските земји одиграле натпревар меѓу себе на импровизираното игралиште на полјанката зад тогашната Учителска школа во населбата Идадија во Скопје.
-9 април 1920г.во Скопје се почуствувал силен земјотрес во 9,40 часот.
–9 април 1933. – Во Велес е роден Тихо Најдовски, македонски писател, еден од основачите и долгогодишен управник на меѓународната книжевна манифестација „Рацинови средби“. Член на ДПМ бил од 1969 година. Автор е на книгите: „Трепетлика“, „Јасминка“, „Солзи“, „Олеандровиот цвет“, „Увил“, „Меѓа“, „Мерка за немирот“ и други. Добитник бил наградите: на РТС за книга за деца на СВП, „Климент Охридски“, „Девети Ноември“ – награда на градот Велес. Починал на 24 април 2007 година.

-9 април 1941 , бомбардерите на британскиот РАФ го бомбардирале Велес и неговите најзначајни објекти од инфраструктурата како што биле Железничката станица, мостовите и складиштата. Во првото ноќно бомбардирање е разрушена старата зграда на велешката Железничка станица и погодени добар дел од вагоните со германски воен товар.
-9 април 1941.- Битола е окупирана од германската фашистичка војска.

-9 април 1942 година, во Битола е убиен Ордан ЧОПЕЛА-Кулак, припадник на македонското националноослободително и комунистичко движење и учесник во Антифашистичката војна во Вардарскиот дел на Македонија. Роден бил во селото Варош, Прилепско, во јануари 1912 г. Бил тутунски работник и учествувал во сите штрајкови на тутунските работници пред почетокот на Втората светска војна. Бил член на штрајкувачкиот одбор на големиот штрајк на тутунските работници од април 1938 г. Во 1940 г. бил примен и за член на КПЈ во Македонија. Бил прогонуван, апсен и затворан од полиција на Кралството Југославија. По окупацијата на Македонија од страна на Бугарија, станал член на Месниот комитет и на Воената комисија во Прилеп. Бил многу активен во подготовките за формирање на партизанскиот одред. Во врска со таа задача раководел и со собирањето на оружје за потребите на антифашистичката борба. Бил учесник во партизанскиот напад полициската станица во Прилеп на 11 октомври 1941г. . бил испратен на партиска работа во Битола. Тука станал член на Месниот воен штаб за Битола и заедно со битолските комунисти учествувал во активностите за формирање на Првиот битолски партизански одред во 1942 г. Во провалата на Битолската партиска организација во почетокот на 1942 г., бугарската окупаторска фашистичка полиција ја блокирала куќата во која тој живеел како илегалец и упаднале во неа со цел да го фатат. По краткотрајна престрелка бил ранет и заробен. Бил жестоко измачуван, но полицијата не можела да извлече никакви информации од него. Во време на таа физичка тортура во Битолскиот истражен полициски затвор, бил убиен без да биде суден и осуден. Бил прогласен за народен херој на југославија на 2 август 1949 г.
-9 април 1983.- Во Скопје умре рускиот педагог и кореограф на Балетот при Македонскиот народен театар во Скопје, Александар Доброхотов. Тој е и прв балетски играч на скопската балетска сцена. Роден е во 1909 година.

-9 април 1997 почина Стево Теодосиевски. На почетокот на 1950-тите години работи како корепетитор на програмата на Радио Скопје. Во 1954 година ја запознава Есма Реџепова која подоцна ќе му стане животна сопатничка. Во периодот од 1960 до 1989 година Стево и Есма Теодосиевски живеат и работат во Белград, а потоа се враќаат во Скопје. Низ нивниот дом поминале 47 деца кои биле израснати и воспитани во традиционален дух достојно да ги наследат своите родители.
Ансамблот „Теодосиевски“ има одржано повеќе од 20.000 концерти, од кои околу 2.000 хуманитарни, има издадено 108 сингл плочи, 20 лонг – плеј плочи, 32 аудио касети, 15 компакт дискови, 6 видео касети и има снимено 12 емисии од по 30 минути за МРТВ.
-9 април 2001.- Во Луксембург е потпишана Спогодбата за стабилизација и асоцијација и Времената спогодба за трговија и трговски прашања меѓу Македонија и Европската унија.