* 19 мај 2002 година, , Македонија го доби својот европски шампион. Кометал Ѓорче Петров ја освои Лигата на шампионите и стана првата и се уште единствената македонска екипа со европска круна. Во салата на СРК „Кале“, во финалниот – реванш натпревар на Лигата на европските шампионки во ракомет, ракометарките на Кометал Ѓорче Петров го победија првакот на Унгарија ХЕРЗ Ференцварош со 26:22 и, надополнувајќи ја негативата од два гола од првата средба во Будимпешта (27:25), станаа европски клупски шампиони

* 19 мај 1910.- Во Штип е роден Љупчо Арсов, народен херој на Југославија, од Македонија. Беше член на Второто заседание на АВНОЈ, на Првото, на Второто и на Третото заседание на АСНОМ, потпретседател на првата Влада на ДФ Македонија. По завршувањето на војната, се до неговата смрт на 18 ноември 1986 година во Скопје, извршувал повеќе функции во Македонија и во тогашна СФРЈ.
* 19 мај 1930.- Белите жени во Јужна Африка се здобија со право на глас.
* 19 мај 1990.- Во Велес е формирано Движењето на екологистите на Македонија (ДЕМ) кое во 1993 година е примено во најпознатите европски и светски асоцијации.

* 19 мај 2011.- Почина д-р Лазар Китаноски, професор на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, поранешен пратеник и министер за одбрана. Китаноски е роден на 25.04.1948 година во Охрид. Ги извршувал следните државни функции министер за одбрана во Владата на Република Македонија (1997-1998), пратеник во Собранието на Република Македонија (1998-2002), советник за национална безбедноста на претседателот на Владата на Република Македонија (2002-2004), советник за национална безбедност на Претседателот на Република Македонија (во 2004), директор на Агецијата за разузнавање (2004-2006) и пратеник во Собранието на Република Македонија (2006-2008).










































