Црквата Света Троица е една од постарите верски објекти во нашата средина

Не располагаме со времето за нејзината почетна градба ,ама истата во неколку наврата е поправана-реновирана.

Н а почетокот на оваа година иницијативата која произлезе од десетина помлади жители од Бучинци, а истата беше масовна прифатена и подржана од сите жители на селото, кои живеат во селото,ама во истата акција се вклучија и поранешни жители на селото.

Покрај жителите од Бучинци се вклучија и други жители-верници и бизнисмени од другите околни села и пошироко.

Така на 21 февруари оваа година вредните Бучинчани ја започнаа до сега најголемата реконструкција на црквата, покрај финансиското учество се вклучија со доброволна работа.

Досега звршени гоем дел од градежни активности на црквата околу неа од вредните раце на мајстори од селото.

Доброволната финансиска и работна активност продолжува, се очекува да се завршат останатите работи како цртање на фрескописот,камбанаријата и други работи, по што би следел чинот на осветувањето на објектот.

Одбор за реновирање на црквата изразува јавна благодарност до сите досегашни донатори, а добронамерните идни донатори се добродојдени за довршување на реновирањето.