*13 Септември 1914 г.во Бунарџик се отворило прво основно училиште на српски јазик ,во приспособена просторија во куќата на Цветан Златанов, во кое учеле и децата од Бунарџик и Ајватовци,прв учител бил Будисав Шошкиќ.По падот на Србија во 1915 г.,новата бугарска власт истото училиште продолжило да работи на бугарски јазик до 1918 г.Во 1919 г. по падот на Бугарија спрската власт поново го отворила училиштето , се вратил првиот учител Будислав Шошкиќ,а во училиштето учеле деца од Бунарџик,Ајватовци,Миладиновци,Бујковци,Белимбегово,Марино ,Кадино и други .Инаку во нашава средина покасно училишта се отвориле и во другите околни села и тоа: во Мршевци-1926 г. ,Кадино-1928г.,Миладиновци-1937г.,Марино -1939г.,сите во српско време и во Белимбегово во 1941г. во бугарско време.(Инаку насловната фотографија е зградата во која за време српско била џандармериска станица, а потоа од 1945 па се до околу 2000 година основно подрачно училиште во Бунарџик)
*13 Септември 1897 – Малешевската чета успешно го извршила грабнувањето на Назим-бег во Струмичкото Поле, на позицијата Струмица – Василево, чифликот на Назим-бег. Учесниците во одвлекувањето биле Гоце Делчев, Васил Иванов Чочов од Берово, Никола Петров од Русиново, Александар Маринов од Пловдив, Филип Григоров од Пирдоп, Иван Д. Биковски од Берово, Атанас Ризински од Будинарци, Малешевско, Атанас Сејреков од истото село, Михаил Апостолов-Попето од с. Дикања, Радомирско, Васил Јуруков од Струмица. Освен овие, кои учествувале како нелегални, учествувале и легалните раководители Стојан Ѓорѓиев, Доне Лазаров и селаните Арсо и брат му Стојан од с. Вељуса, Петре Кончелијата од Струмица и неколкумина други селани од с. Дабиље, Струмичко. За неговото ослободување очекувале да плати неговиот богат татко. По извршената акција, заедно со заробеникот, четата веднаш се повлекла кон Малешевските Планини. Поголемиот дел од неа, заедно со Делчев и грабнатиот бег, се стационирале во оддалечена планинска колиба, додека на Н.П. Русински, со дел од четниците, му била доверена задачата да ги врши преговорите за откупот. Овој дел од четата бил извесно време стациониран во боровата шумичка во месноста Шушлевица, од каде што можеле да се користат куририте и храната од двете села Русиново и Владимирово. Контактите биле вршени преку Атанас Нивички и неговите доверливи курири.
*13 септември 1903.- Околу 2.000 жители од Охридско, пред силниот налет на Бахтијард-пашовата туска војска што пустошеше се пред себе, побара засолниште во месноста Рашанец. Збегот беше добро организиран и заштитуван од четите на војводите Аргир Маринче, Никола Митрев, Цветко Стојанов и други. Со помош на предавник, турската војска го скрши и овој востанички отпор на македонското население од овој крај во времето на Илинденската епопеја. Околу 200 жители од Охридско загинаа во борбата на Рашанец. Меѓу загинатите беше и војводата Аргир Маринче, кој со својата храброст им даде пример на сите борци како треба да се борат за слободата на својот народ. Аргир Маринче е роден во Охрид, во 1870 година.
*13 септември 1918г.Во Скопје влегла српската војска
*13 септември 1924.- Во Софија Владо Черноземски го уби Димо Хаџи Димов, еден од најпознатите идеолози и теоретичари на автентичното македонско национално-ослободително движење. Беше учесник во битката кај Баница, на 4 мај 1903 година кога животот го загуби апостолот на македонското национално-ослободително движење Гоце Делчев.
По поразот на Илинденското востание застана на страната на прогресивната левица на ТМОРО, а во времето на Младотурската револуција разви активна идеолошка дејност и беше еден од иницијаторите за создавање на Народната федеративна партија на чело со Јане Сандански. Роден е во селото Горно Броди, Егејска Македонија, на 20 октомври 1875 година.
*13 септември 1924.- Во Софија е убиен Владислав Ковачев, популарен штипски војвода и публицист, уредник на весникот “Автономна Македонија” и идеолог на Македонската емигрантска федеративна организација. Роден е во Штип, на 5 јануари 1875 година.
*13 Септември 1953.- Во Скопје, на Градскиот стадион, се одигра првиот меѓусебен прволигашки фудбалски натпревар меѓу Вардар и Работнички. Резултатот заврши 2:2.
*13 септември 1995.- Република Македонија и САД воспоставија дипломатски односи.
*13 септември 1989.- Во Тирана умре Стеријо Спасе, албански писател од македонско потекло. Роден е во селото Глобочица, во 1914 година.
*13 септември 1993.- Во Скопје умре Јон Исаја, претставник на најстарата генерација македонски артисти. Роден е во Тетово, во 1915 година.
*13 септември 1994.- Во Скопје трагично го заврши својот живот Радмила Трифуновска, македонски писател, предавач и новинар. Автор е на поезијата “Зли дождови”, “Црни птици” и на расказите “Жена и војна” и “Враќање”. Родена е во Скопје.
*13 септември 1995.- Република Македонија и САД воспоставија дипломатски односи.
*13 септември 1995.- Министрите за надворешни работи на Македонија и на Грција, Стево Црвенковски и Каролос Папуљас во Њујорк во присуство на Сајрус Венс, специјален претставник на генералниот секретар на Обединетите нации, потпишаа привремена Спогодба за пријателски односи и градење доверба и се обврзаа на почитување на заемниот суверенитет и територијален интегритет прифаќајќи ги меѓународно признаените државни граници.
*13 септември 2013.- По кратко боледување, во 95-тата година од животот почина проф. д-р Десанка Миљовска, поранешен министер за култура, првоборец и професор по социологија на Филозофскиот факултет. Проф. Миљовска беше еден од основачите на Катедрата по социологија, а предаваше и на Факултетот по новинарство, Филолошкиот факултет, како и на други научно- општествени институции. Како истакнат општествен работник, во периодот од 1971 до 1974 година беше и член на Владата на Социјалистичка Република Македонија, како министер за култура.