НА ДЕНЕШЕН ДЕН – 14 СЕПТЕМВРИ

0
301

*14 септември 1996.- Во Прилеп почина  Пеце Атанасовски, македонски инструменталист – гајдаџија. Роден е во селото Долнени, Прилепско, во 1926 година.Беше прогласен за прва гајда на светот.Атанасовски бил носител на 19 меѓународни награди на светските фестивали во Ланголен, Англија, Брно, Чешка итн. Во конкуренција на 1.800 гајдаџии од целиот свет, тој го освоил првото место и наградата „Златна гајда“ на фестивалот во Ериче, Италија во 1968 година.Покрај другото тој беше и долгогодишен кореограф на нашето КУД „ИЛИНДЕН“-ИЛИНДЕН

*14 септември 1945г. Во  Населба Илинден(тогашно Белимбегово) за прв пат е отворено основно училиште на македонски јазик.Први учители се брачниот пар Михаил и Марија Мелникови.Михаил е руски емигрант кој се доселил во Македонија  ,а Марија е од Градот Велес,тие се првите учители кои покрај редовното изведување на наставата по македонски јазик организирале и спровеле многу аналфабетски курсеви за описменување на возрасното население кај нас.Според нивните забелешки тие оделе од куќа во куќа да обезбедат ученици за редовно школување како и за доброволци возрасни за вонредно описменување .Наставата ја изведувале ми мизерни просторни услови и школски помагала.Во Илинден останале и по нивното пензионирање односно  до крајот на својот живот .Како многу правични луѓе својот имот по нивната смрт го оставија на државата, со претходно оставен тестамент за тоа.

*14 септември1918.- Во Прилеп е роден проф. д-р Димко Кепески, еден од основачите на Клиниката за ортопедски болести во Скопје. Умре во Скопје, на 27 ноември 1996 година.

*14 септември1924.- Во познатите септемвриски горно-џумајски колежи е убиен Арсениј Јовков, македонски револуционаер и публицист. Своите духовни сили ги посвети на повеќе области во културата, меѓу кои најмногу на журналистиката. Учествуваше во Илинденското востание. Тој е првиот македонски филмски сценарист, според чие сценарио е снимен документарниот филм „Македонија на филм“ во 1923 година. Роден е во селото Селци, Струшко,роден е во село Селци на 25 март 1184г.

*14 септември 1928.- Во Прилеп е роден Димитар Гешоски, еден од најпознатите македонски артисти. Во својата богата артистичка дејност оствари над стотина театарски, телевизиски и филмски ликови. Умрел во Скопје, на 29 октомври 1989 година.

14 септември 1942 загинал Борка Велески  – Горанов , македонски национален деец, учесник во НОБ и народен херој од НОАВМ. Во 1938 година, како синдикален активист бил организатор на едномесечен штрајк на монополските и на занаетчиските работници во Прилеп. За време на Втората светска војна, како член на КПЈ бил еден од организаторите на НОАВМ во Прилепско и командир на чета на НОПО “Димитар Влахов“.

*14 септември1971.- Во Скопје умре Томо Владимириски, македонски академски сликар и сценограф. Во сликарството мотиви му се луѓето, историјата и пејзажите на Македонија. Роден е во Скопје, на 26 август 1904 година.

*14 септември1996.- Умре Благоја Николовски, македонски вокален солист-тенор. Роден е во 1935 година.

*14 СЕПТЕМВРИ2005.- Во Скопје почина најуспешната македонска падобранка во женска конкуренција Нада Ицева – Салџиева. Таа има изведено преку илјада падобрански скокови и беше членка на женската падобранска репрезентација на Југославија. Победник е на повеќе меѓународни падобрански купови и е републички рекордер во женска конкуренција во сите падобрански дисциплини. Добитник е на највисокото признание на ФАИ – Меѓународна воздухопловна федерација – „Златна мечка со три дијаманти“. Македонскиот Олимписки Комитет во 1998 година, кога го изведе својот последен скок ја прогласи за Македонски спортски великан. Родена е во 1934 година во село Павлешенци, Свети Николе

*14 септември 2012.- Умре Драган Тумановски, судија во Врховниот суд на Република Македонија. Завршил основно образование и гимназија во Струмица. Дипломирал на Правниот факултет во Скопје како најдобар студент на генерацијата за што е добитник na наградата на универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје. Во 1997 година беше избран за судија на Врховниот суд на Република Македонија. Тумановски беше непосреден учесник во изработката на повеќе закони од областа на судството, ги водеше експертизите пред Советот на Европа за Законот за судовите, за Кривичниот законик, за Законот за кривичната постапка и за Законот за парничната постапка. Има објавено преку 100 трудови во повеќе стручни списанија: „Судска ревија“, „Правник“, „Безбедност“, „Ревија за кривично право и криминологија“. Во 2005 година Тумановски беше добитник на награда на градот Струмица. Носител е на Орден на трудот со сребрен венец. Роден е на 18.11.1951 година во Струмица.

*14 Септември 2022 година Миладиновци доби нова пешачка патека

Пешачката патека е во должина од околу 850 метри и се протега од влезот на Миладиновци, па се до паркот со споменикот на Васил Аџаларски.

Новата патека ќе придонесе за поголема безбедност на учесниците во сообраќајот, особено на пешаците и велосипедистите.

Претходниот артикал,НА ДЕНЕШЕН ДЕН -13 СЕПТЕМВРИ
Следната статијаДраган и Рахила на денот на венчавката во црква

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука