* 12 сепември 1941 г. Во Населба Илинден(тогаш Белимбегово) во приватна куќа за прв пат е отворено основно училиште ,а учител бил Ѓероги В’члов од Бугарија.
*12 Септември 1885г.Србија и објавила војна на Бугарија во која учествувала доброволна чета на Димитар Беровски и Иљо Маљешевски,во битката кај Долна Љубата –Босилеград.
*12 до 30 септември 1916 година Пред сто години на Kајмакчалан се воделе најжестоките борби на Солунскиот фронт во Првата светска војна.Загинале над 4.600 војници од српската и околу 3.200 војници од бугарската, а голем број од нив не биле ни Срби ни Бугари, туку Македонци,кои биле ангажирани како српски или како бугарски војници.
*12 септември 1942.- Во месноста Долец, во Болнската Планина во нерамномерна борба против бугарската војска и полиција не сакајќи живи да паднат во рацете на окупаторот, сами си го одзедоа животот Стефан Наумов-Стив и Димитар Богоевски-Мите, народни херои на Македонија. Стефан Наумов е роден во Битола на 27 октомври 1920 година. Димитар Богоевски-Мите е роден во селото Болно, Ресенско, на 31 октомври 1919 година.Есента истата година, Наумов заминал на партиска задача во Преспа каде, на 12 септември 1942 година, кај селото Болно, Ресенско, во борба против бугарската војска и полиција се самоубил, заедно со неговиот соборец, народниот херој Мите Богоевски. Потоа, бугарската војска ги изложила нивните тела во селото Болно за да ги распознаат роднините на Мите, при што, двете тела биле фотографирани од страна на бугарската војска. Потоа, двајцата биле закопани во близина на местото каде што загинале, но бидејќи локалното население започнало да ги посетува гробиштата, бугарските војници ги откопале телата, ги оставиле покрај реката за да се распаднат, а потоа ги однеле во непозната насока.
*12 Септември 1944 – Во Војница, Велешко, беше формирана Дванаесеттата македонска НО бригада (Скопска). Во почетокот броеше 450 борци од Скопје и Скопско, а подоцна и се приклучи и Скопскиот НОП одред со 370 борци. Раководители: командант Трајко Стојковски-Бузо, политички комесар Методија Котевски-Слободан.
*12 септември 1954.- Во Скопје е отворено првото Уролошко одделение под раководство на д-р Сотир Ставридис. Првата уролошка амбуланта е формирана во 1947 година во рамките на Медицинскиот факултет.
*12 септември1986.- Во Скопје умре Драгутин Аврамовски-Гуте, истакнат македонски академски сликар и графичар. Тој е еден од првите македонски апстракни сликари и има посебен придонес за развитокот на современиот графички израз во Македонија. Се занимаваше и со сценографија и со илустрација. Роден е во Куманово, на 11 март 1931 година.
*12 септември 1994 година, „Пред дождот“ го освои Златниот лав во Венеција и уште 9 други награди на истиот фестивал. “Њујорк тајмс” го вклучи филмот “Пред дождот” во листата 1.000 Најдобри филмови во историјата. Потоа нанижа триесетина награди на светската фестивалска мапа, а филмот освои и номинација за Оскар во категоријата најдобар филм од неанглиско говорно подрачје, станувајќи најнаградуван филм во историјата на македонската кинематографија.
*12 септември1996.- На островот Зларин, кај Шибеник, во Хрватска, умре Тома Прошев, македонски композитор, еден од најнадарените македонски музички творци од втората половина на 20. век. Основач е на Ансамблот за современа музика „Света Софија“. Напиша 11 симфонии, неколку концерти за виолини и оркестар, за виолончело и оркестар и други дела. Роден е во Скопје, на 10 ноември 1931 година.