НА ДЕНЕШЕН ДЕН -18 Декември

0
128

18 декември 1905 година , умре Тиквешкиот војвода Петар Христов Јуруков.Кај селото Прилепец, како последица од тешките рани почина тиквешкиот околиски војвода и револуционер Петар Христов Јуруков. Роден е во Карлово 1882 година, се школувал во Карлово, Пловдив и Самоков. За тиквешки војвода е именуван во 1902 година. За време на Илинденското востание со неговата тиквешка чета водел две големи борби, едната на 3 август кај месноста “Дреновица“,. близу Шешково, а другата кај с,Копришница. Во мај 1904 година. како делегат од Тиквешијата учествува на Прилепскиот општ конгрес на Организацијата. Во летото 1905 г. е назначен за крушевски војвода со задача да ја обнови Организацијата која најмногу настрада во времето на Илинденското востание.

-18 декември 1934г.родена е  Нада Ицева-Салџиева, најуспешната македонска падобранка, покасно и падобрански инструктор.

 Има изведено илјадници падобрански скокови. Победник е на повеќе меѓународни падобрански купови и е републички рекордер во женска конкуренција во сите падобрански дисциплини. Добитник е највисокото признание на ФАИ – Меѓународна воздухопловна федерација „Златна мечка со три дијаманти“.Во 1956 година беше прогласена за најдобар спортист на Македонија

-18 декември, 2015г.,По кусо боледување, на 70-годишна возраст, почина Слободан Чашуле, македонски новинар, политичар, министер за надворешни работи на Македонија во периодот 2001 – 2002 година.Чашуле е роден во Скопје, на 27 септември 1945 година.Почина   во Мадрид, каде ја вршеше должноста македонски амбасадор во Шпанија,

18 декември 1863.- Роден е австроунгарскиот престолонаследник надвојводата Франц Фердинанд. Неговото убиство во Сараево во 1914 година Австроунгарија го искористи како изговор за напад врз Србија, почнувајќи ја така Првата светска војна.

18 декември 1865.- Укинато е ропството во Соединетите Американски Држави.

18 декември 1903.- Со меѓусебен договор меѓу Америка и Панама, зоната на Панамскиот канал е ставена под контрола на САД.

Претходниот артикал,Васка Глигоријадис-успешна сезона
Следната статијаМЕСНОСТ –„СВЕТЕЦ“во ТЕКИЈА

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука