НА ДЕНЕШЕН ДЕН -14 МАЈ

0
81

*14 мај во светот се прославува Ден на мајката во знак на нивната пожртвуваност во одгледувањето на децата… Ден на мајките почнал да се прославува во Америка во почетокот на 20 век. Меѓутоа мајките се на пиедестал во многу култури. Во Грција се слави Сибел, на Балканот Света петка-заштитничка на жените итн.

*14 мај 2017г. Со епицентар во Марино –Илинден ,во 4.08 минути имаше силен земјотрес со јачина 4,2 степени според Рихтер.Земјотресот предизвика паника и страв меѓу населението ,без други последици.Се претпоставува дека тој е последица на ланскиот земјотрес од 11 септември, кој беше со магнитуда од 5,3 степени според Рихтер“.

*14 мај 1914 год. во Скопје во маалото – Крњево,роден е Коце Стојановски –Металец,потекнува од занаетчиско семејство. Уште од младински денови го чувствува големсрпскиот гнет врз македонскиот народ па е дел од прогресивната младина на градот учествувајќи во повеќе бунтови, штрајкови и манифестации на македонски отпор.
Со доаѓањето на бугарската окупација по 1941 год. , Коце е истиот непоколеблив бунтовник против туѓите ропства над Македонија па е помеѓу најактивните членови на движењето на отпорот. Нешто подоцна заминува да се бие со оружје во рака а кога во скопско одредот е разбиен тој заминува во Тиквешијата каде вооружената борба е во полн замав. На почетокот од 1943 год. исцрпен од рана и болест успешно се лекува во Џикова пештера кај с. Клиново. Подоцна како еден од поискусните борци но и раководители во Втората македонска бригада успешно ја водат низ сите битки против бугарскиот окупатор (Заменик политички комесар на 3-ти батаљон) Сепак во една од тие битки со Бугарите водена на 12 јуни 1944 год., Коце Металец загинува. Битката со бугарските окупаторски сили се одвиваше во реонот на с. Стрмашево,Неготинско кога македонските борци успешно го уништија познатиот по зло бугарски одред “Бенковски”. Во таа битка два батаљона на Втората македонска бригада го нападнаа бугарскиот полициски одред “Бенковски и го разбија нанесувајќи му тешки загуби од 30 мртви и голем број ранети. Сепак токму во оваа победничка битка загина и Коце-Металец, полагајќи го својот млад живот на олтарот од поробената татковина.

*14 мај 1989.- Во селото Болно, Ресенско, е осветена црквата „Свети Атанас“.

*14 мај 1890.- Во Париз се отворени вторите модерни Олимписки игри, на кои за првпат на жените им беше дозволено да учествуваат.

*14 мај -1999 Во текот на бомбардирањето на СР Југославија, авиони на НАТО погодија колона со бегалци на Косово. Загинаа 87 лица

Претходниот артикал,ООУ „Браќа Миладиновци“-Миладиновци
Следната статијаМлади од Кадино во 1970

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука