-18 март 1909.- Во Софија умре Кузман Шапкарев, еден од најзначајните собирачи, публикатори и афирматори на македонски народни умотворби и еден од првите македонски учебникари. Ги објави делата “Зборник на народни умотворенија, наука и книжнина”, “Материјали за животописот на браќата Миладинови Димитрија и Константин”, како и осум учебници што ги напиша за потребите на училиштата во Македонија. Роден е во Охрид, на 1 февруари 1834 година.

– 18 март 1947 роден е Стево Црвенковски, македонски политичар, бил македонски режисер, политичар и Министер за надворешни работи на Република Македонија во периодот од 1993 до 1996година.Црвенковски дипломирал на Академијата за драма, филм, радио и телевизија во Белград во 1973 година. Работел и твори како филмски автор во „Вардар филм“.Во 2002 година бил избран за потпретседател на Владата на Република Македонија. Најзначајната негова активност во оваа сфера е раководењето со македонската дипломатија, во критичните моменти на меѓународното признавање и афирмацијата на новата македонска држава, меѓу 1993 до 1996 година. По ова работел и како советник на тогашниот претседател Киро Глигоров.Во 1997 година станал амбасадор на Република Македонија во Лондон.Почина на 4 февруари 2004 во Скопје.

-18 март 1947 год, во Софија починал војводата на ВМРО и еден од најблиските соработници на Гоце Делчев, МИХАИЛ ГЕРЏИКОВ.Бил револуционер и анархист од Бугарија, основач и раководител на Македонскиот таен револуционерен комитет, учесник во македонското револуционерно движење, член и војвода на Македонската револуционерна организација, подоцна деец на ВМРО (Обединета)
-18 март 1948.- Советскиот Сојуз од тогашна Југославија ги повика воените стручњаци, а следниот ден и цивилите, под изговор дека „се опколени со непријателство“ во обид југословенското раководство под притисок да го натера да го прифати курсот кој го наметна Информбирото, односно Москва
–18 март 1959.- Во селото Велестово, Охридско, е Роден е Славе Ѓорѓо Димоски. Поет, литературен критичар и преведувач. Дипломирал на Филолошкиот факултет во Скопје. Живее во Охрид. Работи како наставник по македонски јазик и литература. Пишува поезија за деца и возрасни. Застапуван е во многу антологии и преведуван на неколку десетици јазици (англиски руски, српски, латвиски и други). Димоски е основач на поетскиот фестивал „Поетска ноќ во Велестово“. Позначајни дела: „Гравири“, „Проект“, „Студен порив“, „Спореден пат“, „Темно место“, „Поезија-ткаења “ и други..
-18 март 2004.- Во Скопје умре Тодор Мицов, македонски писател и критичар. Автор е на книгите поезија „Крепости“, „Деца деца… Ах деца“, „Приказни“ (рецензии за фолклорни и етнолошки изданија) и на други дела. Роден е во селото Калиманци, Виничко, на 12 јуни 1949 година.За населба Илинден ,поточно за КУД„Илинден“тој во извесен период 1983-85г.даде личен придонес во развојот на друштвото.

-18 март 2016г.во Скопје на 86 годишна возраст почина актерот Ацо Јовановски (1930 – 2016), бард на македонското глумиште, кој целиот свој работен век го помина во Драмскииот театар од Скопје.Тој има одиграно околу 40 филмски улоги: 1952 Фросина • 1955 Волчја ноќ • 1959 Виза на злото • 1961 Мирно лето • 1962 Крст Ракоч • 1965 Денови на искучение • 1967 Македонска крвава свадба • 1968 Планината на гневот • 1969 Време без војна главна • 1970 Цената на градот…









































