НА ДЕНЕШЕН ДЕН -16 ЈУЛИ

0
270

НА ДЕНЕШЕН ДЕН -16 ЈУЛИ

*16 јули 1868 година во селото Дерманци, Ловечко,роден е ХРИСТО ЧЕРНОПЕЕВ Дипломирал III прогимназиска класа во Плевен. Одбива редовен воен рок во 17 плевенски полк и во 1899 година останува на служба како подофицер и фелдфебел во 15 ломски полк во Белоградчик. Во истиот полк служи и Борис Сарафов, кој го привлекува Чернопеев во македонското ослободително движење, а тој е меѓу основачите на тајното офицерско братство во Белоградчик. На 14 февруари 1900 година станал четник во четата на Михаил Апостолов – Попето и дејствува во Гевгелиско и Ениџевардарско.
Од април 1900 година е самостоен војвода на чета во Кукуш. Христо Чернопеев, заедно со Крсто Асенов и Јане Сандански учествува во аферата мис Стон во Пирин во 1901 година. Во 1903 година Чернопеев се однесува со резерви кон одлуките на Солунскиот конгрес за кревање на востание. По востанието е војвода на чета во Кукушко, каде обучува идни војводи на Организацијата.Во октомври 1905 година е делегат од Струмичкиот револуционерен округ на Рилскиот конгрес.По Младотурската револуција во 1908 година се легализира. Во април 1909 година четите на Чернопеев и Сандански учествуваат во походот на младотурците во Цариград против контрареволуционеритеПо избувнувањето на Балканските војни, Чернопеев е на чело на Втората посебна партизанска чета на Македонско-одринското ополчение и учествувал во борбите за Банско, Мехомија и Кавала.Загинал на 6 ноември 1915 година во судир со француските сили во близина на село Криволак. Погребан е во црквата во Ново Село, Штипско.

* 16 јули 1921г.  во Прилеп е роден Крсте Црвенковски, народен херој, носител на Партизанска споменица од 1941 година, борец, општественик, публицист. Неговото име е впишано во историјата на Македонија по повеќе основи: партизан од самите почетоци вклучен во борбата против фашизмот во Македонија, истакнат и енергичен политичар, кој се залагаше Македонија да има достојно место во југословенската заедница.,.Почина во Скопје на 21 јули 2001г.

*16 jули 1935 година во Софиja умира Алексо Стефанов – демирхисарски војвода на ВМОРО. Роден во с.Радово, Демир Хисар. Околу 1901 година Алексо Стефанов влегува во четата на Тома Давидов, во која се вклучени и Димитар Јасенов, Иван Јасенов (внуците на Хаџи Димитар), Петар Тинев и други. Во село Брезово Алексо Стефанов и другарите се земени од Јордан Пиперката, каде заедно со четата на Ѓорѓи Сугарев, четниците станале 70 на број. За време на Илинденското востание во 1903 година, Алексо Стефанов учествува во борбите кај Смилево, Цапари, Облаково и други села. По востанието, во 1904 година, Стефанов е четник во Благоевград и Малешевско. Во 1905 година станува помошник на битолскиот реонски војвода, Димче Сарванов, и дејствува во Демир Хисар со 13 души, каде останува до Младотурската револуција, во 1908 година. Потоа е направен обид да биде убиен.По избувнувањето на Првата балканска војна во 1912 година, Алексо Стефанов се пријавува како доброволец во Македонско-одринските доброволни чети, и станува војвода на четата № 19, која дејствува во Битолско, а потоа во Втората балканска војна служи во Првата чета на Шестата охридска дружина.По Првата светска војна Алексо учествува во возобновувањето на Организацијата и од 1920 до 1928 година е војвода на чета во Битолско и Охридско. Потпретседател е на Битолскиот окружен конгрес во 1923 година, каде бил избран за член на окружното тело заедно со Георги Поп Христов и Петар Шанданов.

*16 јули 1946.- Во пустината Њу Мексико, на полигонот Аламогродо, во САД, е извршена експлозија на првата атомска бомба. Овој настан се смета за почеток на атомската ера.

*16 јули 1950.- На стадионот „Маракана“ во Рио де Женеиро, Уругвај пред 199.000 гледачи во финалето на Светското првенство во фудбал го победи домашниот Бразил со 2:1, освојувајќи го по вторпат светскиот фудбалски шампио

*16 јули 1965.- Пуштен е во сообраќај тунелот под Монт Блан, долг 11,5 километри што ги поврзува Франција и Италија, а го скусува патот Париз – Рим за 200 километри.

*16 јули 1969.- Од Кејп Кенеди, во САД, е лансиран вселенскиот брод “Аполо 11” на Месечината, во кој се наоѓаа Нил Амстронг, Мајкл Колинс и Едвин Олдрин. Астронаутот Нил Амстронг на 21 јули прв стапна на Месечината.

Претходниот артикал,Ф.К.МАРИНО-МАРИНО
Следната статијаСтарата железничка станица во Скопје

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука