*2о Јуни 1666г.во извештајот на Фра Барнандино до Дубровник се вели, дека селаните од Скопска Црна Гора живеат многу бедно ,не само поради турските даноци ,туку и од разни одметници –разбојници кои ги пљачкале.

* 20 јуни 1920 година во Куманово родена е Магдалена Јорданова Антова , обична работничка шивачка била примена како член на СКОЈ во 1939 година. По фашистичката окупација на градот успеала да ослободи неколку заробени војници од војската на Кралството Југославија, а со братот Методи прибрала поголемо количество оружје. Била борец на Карадачкиот партизански одред (12-14 октомври 1941), кој по предавство бил опколен од бугарската војска и полиција во една селска воденица. Во битката Антова загинала заедно со повеќе свои соборци. Нејзината трагедија е во тоа што таа била издадена од сопствениот татко. Поради овој настан и денес во Куманово се користи изразот „Антова несреќа“. Во нејзина чест едно кумановско основно училиште го носи нејзиното име.

*20 јуни 1922. – Во селото Галичник е роден Александар Сариевски, македонски пејач на македонска народна музика и композитор на новосоздадени фолклорни песни. Во 1946 г. во Македонското радио ја снимил првата песната „А бре невесто око калешо“. Бил еден од основачите на ансамблот „Танец“. Бил и успешен композитор и текстописец на познатата песна „Зајди, зајди јасно сонце“. Неговиот музички опус претставува дел од македонското културно богатство. Најмногу ќе остане запаметен по интерпретацијата на следниве песни: „Зајди, зајди јасно сонце“ (автор), „Учи ме мајко, карај ме“, „Јовано, Јованке“, „Море сокол пие“, „Дејгиди луди млади години“, „Абер дојде Донке“, „Зајко кукурајко“, „Кандиал Ајрудин паша“ и многу други. Сариевски починал на 19 декември 2002 година.

* 20 јуни 1867 г .во с.Ерџелија роден е Андон Стојанов (Дончо Штипјанчето) бил македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, член и деец на Македонската револуционерна организација.Во април 1896 година Дончо бил фатен од страна на турcките власти на влезот во Битола при пренесување на бомби, револвери и муниција. Од страна на турcката власт бил подложен на најжестоки мачења но тој не издал никого. Тоа му дало можност на Гоце Делчев да се врати во Штип од планирано патување во Софија, тој бил испитуван од штипскиот кајмакам и бил притворен по еден месец во Скопје но набргу бил оcлободен бидејќи немало докази за поврзаност со оружјето. Дончо пак бил осуден на 101 година затвор во прангии, а оваа казна подоцна му била намалена на 15 години.

*20 јуни 1912.- Во Кавадарци, од предавник и врховистички платеник, на подмолен начин е убиен Добри Даскалов, македонски револуционер и војвода, еден од најмаркантните револуционерни личности во Кавадарци. Роден е во Кавадарци, на 13 ноември 1882 година.

*20 Јуни 1913 На овој датум започнале борбите за Кукуш,по што грчката војска го опожарла кој за неколку дена бил срамнет со земја.Илјадници кукушани и од околните помали места ги напуштаат своите живеалишта и поголемиот број преку Беласица пристигат во Струмица.
*20 јуни 1936.- По повод организираниот штрајк на македонските градители, овој датум е прогласен за Ден на градежните работиници на Македонија.
*20 јуни 1979.- Во издание на НИП “Нова Македонија”, во Редакцијата на “Вечер”, излезе првиот број на енигматскиот забавник “Котелец”.
*20 јуни 1985.- Во Охрид умре Сотир Гулевски, македонски писател и книжевен преведувач. Автор е на романите „Меѓа“, „Прекршен ’рбет“, „Кога карпите ’ртат“, „Модро млеко“, „Им се суди на дивите ветрови“, на театрологијата „Фурии“ и други. Роден е во Прилеп, на 14 август 1917 година.
*20 јуни 1996.- Во Брисел, Република Македонија и Европската унија, со размена на писма го прифатија текстот на Спогодбата за соработка.