Стара железничка станица: Еден од најубавите објекти во Балканот и симбол на модерното Скопје
Старата железничка станица во Скопје почнала да се гради во 1937 година. Пред тоа на ова место се наоѓала железничката станица која била изградена уште во 1873 година, кога и бил воведен железничкиот сообраќај во Македонија.
За унапредување на железничкиот сообраќај, Банската управа решила да изгради нова железничка станица во Скопје. Камен-темелите биле поставени во 1937 година, а изградбата траела 3 години.
Железничката станица била пуштена во работа во 1940 година и била најубава на Балканот во тоа време
Во скопската Железничка станица, за 24 часа влегувале и од неа излегувале 24 возови. Просечно дневно пристигнувале 1.000 патници. Железничката станица, како главна сообраќајна установа на еден град, станала центар на изградбата на ново Скопје, во кое таа била столб околу кој се движел животот на градот.
Денес само еден дел од неа стои како успомен од земјотресот во Скопје во 1963 г.








































