–17 јануари 1948 година. Во Скопје почна да функционира Претпријатието за градски сообраќај. Претпријатието е формирано со одлука на Извршниот народен одбор на Скопје, на 11 јули 1947 година. Работата започнала со седум автобуси од марката ГАЗ и 15 возачи. Во првата година на работење биле превезени 375.000 патници. Пред основањето на ЈСП, автобускиот превоз во Скопје се одвивал од автобуското претпријатие на браќата Поповиќ (основано 1925 г.), а во 1934 г. било основано поголемото Вардарско автобуско претпријатие (ВАП).

-17 јануари, 1468 г.починал Ѓорѓи Кастриот – BTOP Александар Македонски. и е погребан во Кроја.Ѓорѓи Кастриот бил кнез а подоцна и владетел на МАКЕДОНИЈА и ЕПИР со престолнина во Кроја, денешна Албанија инаку ЗАПАДНА или ПЛАНИНСКА МАКЕДОНИЈА. Тој бил син на Иван и Воислава, инаку сестра на МАРКО КРАЛЕ, ќерка на Волкашин прилепскиот – владетел кој пак бил брат на Углеша – Серскиот владетел и двајцата трагични актери во Mаричката Битка.

17 ЈАНУАРИ 1924 година во Прилеп е роден Благоја ТАЛЕСКИ-Иван, припадник на Македонското националноослободително и комунистичко движење во Вардарскиот дел на Македонија, учесник во Антифашистичката војна, политичар и државник. Бил член на КПЈ од 1940 г. и учествувал во Илинденските демонстрации во 1940 г., заради што бил уапсен и затворен во затворите во Велес и во Скопје како и во затворот на Ада Циганлија, Белград. Бил организатор на антифашистичката и антиокупаторска борба од 1941 г., како член и секретар на Месниот комитет на КПЈ и член на Воениот штаб во Прилеп. Во октомври 1941 г. уапсен и интерниран во Бугарија. По враќањето, од април 1943 г. бил секретар на Вториот обласен комитет на КПМ и дејствувал на терен за проширување на востанието. По Ослободувањето вршел високи партиски и државни функции: член на Централниот комитет на КПМ, член на Централниот комитет на СКЈ, претседател на Сојузот на синдикатите на Македонија, генерален директор на “Југотутун” и два мандата претседател на Собранието на СРМ. Починал во Скопје на 26 март 2001 г.
–17 јануари 1939.- Со учество на многу жандарми и војници во Велес беа задушени тридневните демонстрации на монополските работници и на другите граѓани. Демонстрациите имаа големо економско и политичко значење во тоа време.

-17 јануари 1945 година ,во Битола роден е Зоран Михајлов еден од нашите најдобри спортски коментатори.Основно и средно образование завршува во Скопје, кадешто и дипломира на Филолошкиот факултет кај професори како Блаже Конески, Харалампие Поленаковиќ, Божо Видоески, Димитар Митрев и др. Во коментаторската кариера Михајлов е рекордер во коментирање и известување од најголемиот спортски настан на светот – олимпијадата. Тој присуствува на 15 олимпијади (9 летни и 6 зимски), и притоа ги афирмира настапите на македонските спортисти и ја информира македонската јавност за тамошните случувања. За сите постигнувања во спортот и во новинарството добитник е на повеќе награди и признанија. Меѓу другото, добитник е и на државната награда „8 Септември“ и наградата на Град Скопје, „13 Ноември“. Михајлов се вбројува меѓу 50-те најистакнати атлетски новинари и коментатори во светот, што ја добиваат наградата од АИПС (Светска асоцијација на спортските новинари) за професионално информирање, како и за афирмација на атлетскиот спорт.

-17 јануари 1946г. роден е македонскиот филмски и театарски актер Мето Јовановски,се реализира во еден од водечките драмски уметници .Добутник е на многу домашни и мешународни награди и признанија.
–17 јануари 1953.- Во Скопје излезе првиот број на “Стопански весник”, весник на Стопанската комора и стопанството на Македонија. Во почетокот се појави како орган на Трговската угостителска комора на НР Македонија. Од 1983 година излегува како ревија која стручно и аналитички ја третира стопанската проблематика во Македонија и светот. Од 1984 година се појавува со поднасловот: Ревија на Стопанската комора на Македонија.
–17 јануари 1986.- Во Скопје умре Станко Липша, оперски пејач, повеќе од три децении носител на баритонскиот репертоар на Операта при Македонскиот народен театар и долгогодишен вокален педагог. Дебитираше со ликот на Ескамилио во “Кармен”, а последен пат на сцената настапи како Амонасро во “Аида”. Речиси нема оперски пејач кој бил или е член на Операта при МНТ кој не поминал низ “студиото” на Липша. Роден е во Бакар, кај Задар, во Хрватска на 13 ноември 1915 година.
–17 јануари 1996.- Во Скопје и во Атина се отворени канцелариите за врски на Република Македонија и на Република Грција.
–17 јануари 1997.- Умре проф. Славко Поп Антовски, еден од основачите на Земјоделско-шумарскиот факултет во Скопје и негов прв декан. Роден е во Прилеп, во 1913 годин
–17 јануари 2001.- Во Скопје, во организација на телевизиската куќа БТР, излезе првиот број на весникот „Рома тајмс“, на македонски и на англиски јазик.










































