-30 јануари 1951.- Во Битола почина Павел Шатев, македонски револуционер, родољуб и публицист, еден од легендарните солунски атентатори, наречени „гемиџии“, крунски сведок што остана да раскажува за она што се случуваше во Солун во 1903 година. Неговиот живот е мошне бурен и мачен. Беше член на АСНОМ и министер за правосудство во првата македонска влада. Поради несогласувањето со повоената политика, беше отстранет од политичката сцена. Двапати осуден на смрт, преживеал и турски и бугарски затвор, а пострадал од своите Македонци. Човекот кој од млад анархист и солунски атентатор, прерасна во бриселски докторант и прв министер за правосудство на независна Македонија
„Така, отфрлен од општеството за кое го беше потрошил сето свое битие, згасна животот на големиот револуционер, родољуб и разузнавач Павел Шатев.Роден на 15 јули 1882 година во Кратово.
– 30 јануари 1830.- роден Григор Прличев — македонски поет.
-30 јануари 1875 роден е Климент Шапкарев — македонски револуционер.
-30 јануари 1878 роден е Дончо Лазаров — македонски револуционер

–30 јануари 1909.- Во Гостивар е роден академик д-р Харалампие Поленаковиќ, еден од основоположниците на историјата на македонската литература, истакнат македонски научен и културен работник, долгогодишен редовен професор на Филолошкиот факултет во Скопје и еден од првите членови на Македонската академија на науките и уметностите. Тој е автор на голем број трудови од областа на македонската уметност и народна литература, како и од областа на литературите на другите словенски народи. Неговиот научен опус опфаќа повеќе од 1.000 библиографски единици. Умре во Скопје, на 15 февруари 1984 година..
-30 јануари 1944 година. На планината Кожуф генералштабот на НОВ и партизанските одреди на Македонија и Иницијативниот одбор за свикување на АСНОМ одржуваат советување. Одлучено е што поскоро да се изберат делегати од сите народни одбори од Македонија и да се забрза со припремите за свикување на АСНОМ.

-30
јануари 1970 роден е Васил Шишков — македонски глумец.
-30
јануари 1976 роден е Ѓорѓи Христов — македонски фудбалер.

-30 јануари 1983 година ,роден е Влатко Грозданоски долгогодишен првотимец на скопски Вардар,македонската репрезентација и други инострани клубови,денес ја раководи фудбалската школа со неговото име во Илинден.
–30 јануари 1983.- Умре Лав Лозански, еден од основачите на Природноматематичкиот факултет на Универзитетот „Кирил и Методиј“ во Скопје и познат научен работник во областа на физиолошката наука. Роден е во Полска, во 1911 година.
–30 јануари 1996.- Како прилог на весникот “Вечер” излезе првиот број на весникот “Занаетчија”, гласило на Здружението на занаетчиски и други самостојни стопанственици на град Скопје – Стопанска комора на Македонија.

–30 јануари 2000.- Почина Славко Јаневски, македонски писател, сценарист, и сликар. Во 1945 година излезе неговата прва книга поезија „Крвава низа“. Неговото книжевно дело е мошне богато и разновидно. Последното негово дело е романот „Депонија“, објавено во 2000 година. Роден е во Скопје на 11 јануари 1920 година.

–30 јануари 2015.- На 79-годишна возраст почина првиот демократски избран претседател на Бугарија, Жељу Желев. Средно образование завршува во гимназијата во Шумен, а во 1958 година дипломира филозофија на софискиот универзитет „Св. Климент Охридски“. Филозоф по вокација, дисидент, политичар и државник, Жељу Желев беше иницијатор и коосновач на Клубот за гласност и перестројка и еден од основачите на Сојузот на демократските сили (СДС) во декември 1989 година. На 1 август 1990 година Народното собрание го избра за претседател на Бугарија. Во јануари 1992 година беше реизбран на функцијата на првите директни претседателски избори во Бугарија. Претседателската должност ја извршуваше до јануари 1997 година.
За Македонија е битно што Жељу Желев е првиот светски државник кој ја призна независноста на Македонија во 1991г.,а при посетата на рускиот Претседаател Борис Елцин на Бугарија(1992г) посредуваше и тој да ја признае независноста на Македонија ,потоа беше голем лобист истото да го сторат и многу други држави.